за

Новата генерација на Skoda Octavia преоѓа во класа погоре

Skoda Octavia nova
Skoda Octavia nova

Skoda ја најавува новата Octavia како подобра, попросторна, побезбедна, повеќе вмрежена и поемотивна од било кога досега. Бестселерот на Чесите во својата четврта генерација е подолг и поширок, па дури и багажникот располага со поголема зафатнина. Внатрешноста е изведена со нов пристап, со цел да се постигнат уште подобро просторно чувство и функционалност. Материјалите се поквалитетни, богати се можностите за поврзување, на располагање стојат нови системи за асистенција.

Новата Octavia пристига точно за 60-годишнината од првата генерација на моделот со ова име, по повеќе од 6,5 милиони произведени примероци. Секако дека станува збор за најпродаваниот модел во историјата на марката од Млада Болеслав. Според Skoda, тоа се должи на модерниот дизајн, на ефикасноста, практичноста, високиот квалитет, но и на натпросечната просторност и одличната противвредност.

Должината порасна за 19 милиметри, на 4.689 mm, односно за 22 милиметри во комби-изведбата. Во ширина исто така има плус од 19 милиметри. Багажникот во лимузината располага со 600 литри (+10), во комбито со 640 литри (+30).

Многу ставки од опремата сега следуваат како стандард во новата Skoda Octavia

Предните светла стандардно користат диодна техника за сите функции и внесуваат нов карактер во појавата на Octavia. Диодната техника работи и во задните светла. Дизајнерите ја извлекоа страничната силуета како кај купе, а бандажите со пречник до 19 инчи внесуваат моќна динамика.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот пристап во изведувањето на кокпитот се забележува посебно во воланот со две пречки. Промени има и во инструментите, кои се изведени во повеќе нивоа. Посебен впечаток за квалитет посредуваат новите и меки материјали. Во предните врати и во арматурната табла е изведено амбиентално осветлување, за кое може да се избира меѓу десет бои.

New item by Automedia MK / Google Photos

Првпат во модел на Skoda со доплата се вградуваат посебно ергономски седишта, кои поседуваат и масажна функција, а во топ-изведбата располагаат и со вентилација. Исто така премиера доживува и проекцискиот дисплеј. Уште една премиера во Octavia е климатизацијата во три зони. Електромеханичката паркирна сопирачка е стандард.

Може да се доплати и за странични стакла со звучна изолација

Со доплата се вградуваат странични стакла со акустична изолација, за уште потивка атмосфера во кабината. Новата Octavia е прв модел на Skoda што ракувањето со бирачот на менувачот DSG го пренесува по електронски пат (Shift-by-Wire). Секако дека тоа повлече и сосем нов дизајн на бирачот, вклучувајќи копче за положбата за паркирање.

New item by Automedia MK / Google Photos

Опција се диодни матрични светла, кои овозможуваат ноќе постојано да се вози со долго светло, без притоа да се заслепува сообраќајот отспротива. Премиера во Skoda имаат системи за асистенција од типот на помош при избегнување пречка, предупредување при отворање врата и предупредување за локална опасност. Во новата Octavia се достапни и радарски темпомат што го предвидува сообраќајот напред, како и систем за предупредување за возило во мртвите агли.

Skoda Octavia првпат е достапна со плагин-хибриден погон

Неколку од усовршените бензински мотори се достапни во верзија на благ-хибрид, додека дизелите потекнуваат од новата генерација Evo, со емисија на азотни оксиди намалена до 80 проценти. Моќноста се движи од 110 КС до 204 КС. Верзијата со погон на метан располага со резервоар од 17,7 килограми и со тоа дозволува досег до 523 километри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Плагин-хибридната Octavia iV комбинира 1,4 TSI со електромотор, од што произлегува системска моќност од 204 КС. Батеријата со капацитет од 13 kWh дозволува досег до 55 километри во реални услови.

New item by Automedia MK / Google Photos

Бензинците 1,0 TSI и 1,5 TSI од новата генерација EVO, во комбинација со менувач DSG се нудат како верзии со благ-хибриден погон, под ознаката eTec. Станува збор за стартер-алтернатор, во мрежа под напон од 48 волти, заедно со литиум-јон батерија. Кај дизелите работи таканаречена Twindosing-постапка, со којашто адитивот Адблу се впрскува пред двата катализатори што се поставени еден по друг.

Кус преглед на понудата од моделски изведби на новата Skoda Octavia

New item by Automedia MK / Google Photos
  • OCTAVIA 1,0 TSI EVO 81 kW (110 КС)
  • OCTAVIA 1,0 TSI EVO 110 kW (150 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TSI DSG 4×4 140 kW (190 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TDI 85 kW (116 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TDI DSG 85 kW (116 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TDI 110 kW (150 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TDI DSG 110 kW (150 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TDI DSG 4×4 110 kW (150 КС)
  • OCTAVIA 2,0 TDI DSG 4×4 147 kW (200 КС)
  • OCTAVIA 1,5 TSI G-TEC 96 kW (130 КС)
  • OCTAVIA 1,5 TSI G-TEC DSG 96 kW (130 КС)
  • OCTAVIA mHEV 1,0 TSI EVO e-TEC DSG 81 kW (110 КС)
  • OCTAVIA mHEV 1,5 TSI EVO e-TEC DSG 110 kW (150 КС)
  • OCTAVIA iV 1,4 TSI DSG 115 kW (156 КС)/75 kW (102 КС)

Во фабриката на Skoda работи најмоќниот суперкомпјутер во Чешка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini суперкондензатори

Lamborghini разви нови суперкондензатори: Нов поттик за електричниот погон

проиѕводство на челик

Thyssenkrupp користи водород во производството на челик