за

Покрај голф-класа сега постои и октавија-класа

Skoda Octavia Porsche Makedonija
Skoda Octavia Porsche Makedonija

Skoda Octavia во својата четврта генерација во концернот Volkswagen го постигнува најголемиот генерациски скок досега. Чешката марка го приближи својот најпродаван модел до средната класа, но тоа важи повеќе за зрелоста на возилото, отколку за цената. Со опремата што ја поседува уште во старт и со 150 КС во основната изведба, новата Octavia дури нуди подобра протввредност од претходничката.

Салонот на Skoda деновиве може да биде точно погодена филмска кулиса за следнава сцена. Човек по исцрпувачки долга и душевно разорна изолација поради пандемијата, прво што прави по враќањето на светот во „новото нормално“ е да замине на викенд во Дојран, па потоа си ја одработува смената во обложувалница, за на крајот да влезе во салон на Skoda, каде што од врата ќе го забележи новиот автомобил на нему добро познатата марка. Значи, светот прво запре целосно, се смени, и сега Skoda Octavia се појавува како прв автомобил од драстично подобрениот свет по пандемијата.

Приказната е несомнено дека многу подобро би ја одработиле филмските сценаристи. Но, пораката на крајот пак ќе биде истата. Новата Skoda Octavia во својата четврта генерација го направи најголемиот еволутивен скок досега. Лимузината со фамозниот ајон-опаш (исто така француиски збор како што е купе) одвај да порасна во димензиите, но затоа оддава впечаток на многу позрел и посамоуверен автомобил. Кусо, Octavia сега изгледа скапо, повеќе ја нема онаа „системски“ наметната скромност од првите пост-соц години на Skoda.

Како модел што сега е позициониран повисоко, Octavia нема да изгуби од сјајот кога ќе се најде покрај премиум модел од средна класа

Впечатокот на лимузина што нема да изгуби од сјајот кога ќе се најде браник до браник со сестринската А4 или со C-Class и со минхенската тројка, го создаваат дебелиот хром на маската и околу прозорците, светлата во коишто се наѕира актуелна технологија, но најмногу за тоа придонесува општиот дизајн, односно површините, рабовите и нивната соиграност.

New item by Automedia MK / Google Photos

Octavia досега беше модел ни ваму ни таму. Според едниот табор, таа припаѓаше во компакт класата и беше „голф со багажник“, додека според другиот и повеќе оптимистички табор, Octavia беше модел во средната класа. Со последниот апдејт, ова двоумење повеќе не постои. Skoda го постави новиот модел повисоко во однос на претходникот.

Дури впечатокот во кабината вистински го оддава карактерот на новата Skoda. Кога би направиле анкета во салон, првата оцена на веројатно девет од секои десет намерници би била: Многу е просторно. На возачкото седиште се стекнува впечаток што во споредба со повеќето модели во класата е исто како разликата меѓу седење во соба и излегување на балкон. Дизајнот го прави своето, но и фактички има простор, многу простор.

New item by Automedia MK / Google Photos

Воланот е дводелен, тоа е интересна новина во чекор со општиот дизајнерски правец во кокпитот. Ракувањето со средишниот дисплеј, преку кого се пристапува и до климатизација, изведено е на сосем нов начин. Сето тоа е интуитивно, промислено, можеби и практично во стилот на „Simply Clever“. Седиштата се комотни, со тоа што во Style тие имаат уште поцврста поддршка во споредба со седиштата во Ambition.

Обемот на промените личи како некој да наредил „сменете се’, до последното копче“

Променето е буквално сé, дури и дизајнот на прекинувачите кој веќе почнуваше да здодејува. Дури и во делот кај рачките за отворање на вратите има измени, тие повеќе не се во „дупка“ туку има празен простор напред. Стилот освојува, материјалите исто така, вклучувајќи го и новиот материјал што личи на деним и поставен е во мал појас по должината на арматурната табла.

Назад има протор и се седи комотно, багажникот е гигантски, дури и димензијата на амортизерите импресионира, но тоа е сосем разбирливо кога ќе се има предвид сета тежина што тие ја држат. За затворање служи копче. Има уште многу детали, што заслужуваат внимание, го очекуваме автомобилот наскоро да ни пристигне на тест во Аутомедиа.

New item by Automedia MK / Google Photos

Ценовникот почнува од 19.700 евра за Octavia 1.5 TSI ACT со 150 КС и мануечен менувач, во нивото на опрема Ambition. Тоа е 2.200 евра повеќе од стартот на претходната Octavia, но кога ќе се земе предвид драстично збогатеното ниво на опрема, плус фактот што моторот „брои“ 150 КС и поседува активно исклучување на цилиндрите, заради штедење гориво, тогаш новиот модел дури нуди подобра противвредност од претходникот.

Има уште многу „апгрејди“ во понудата од мотори и погонски системи, како и каросериски варијанти

Наскоро ќе пристигне и изведба со 1,0-литарец и 115 КС, што дополнително ќе го спушти стартот на новата Octavia. Од дизел фракцијата, во понуда е 2.0 TDI во верзии со 115 и 150 КС, со цена од 21.200 и 25.360 евра соодветно, при што посилната изведба стандардно вози со 7-степен менувач со двојна спојка. Гамата понатаму ќе се шири, вклучувајќи плагин-хибриди, и благи хибриди, секако со верзијaта RS како врв во понудата.

Почетното ниво Ambition што Порше Македонија го скрои за нашиот пазар вклучува диодни светла напред и назад, електрична паркирна сопирачка, магленки, радио со дисплеј од 8,25 инчи, поврзување Smart Link, копче за старт, двозонска автоматска клима, дигитални инструменти, кожен волан, алу-бандажи од 16 инчи, па дури и завеси на задните прозорци. Тоа е уште една сензација што ја носи новата Octavia.

New item by Automedia MK / Google Photos

Нивото Style додава уште навигација и дисплеј од 10 инчи, говорни команди, тризонски Climatronic, матрични диодни светла со автоматско долго светло, паркинг сензори и камера, заедно со низа стилски и комфорни унапредувања, со цена од околу 2.800 евра над нивото Ambition.

Неколку позиции од списокот на дополнителни ставки: Приспособливо подвозје и погонска спрега 839 евра, електрично ракување со задниот капак 320 евра, ергономски кожени седишта со масажа и вентилација 2.258 евра, греење на волан 114 евра, приспособлив темпомат 348 евра, проекциски дисплеј 560 евра, озвучување Canton 557 евра, металик лак 110 евра.

Octavia моментно е параден коњ не само за Skoda, туку и за целиот концерн, значајна исто колку Golf 8 или електричниот ID.3.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Arteon, Arteon Shooting Brake 00008

Убаво е да се вози Volkswagen: Комби изведба од Arteon

За возење во влечки 5.000 фунти казна во Британија

За возење во влечки 5.000 фунти казна во Британија