за

Skoda Octavia e подобар избор од Volkswagen Golf?

Golf е крал на компактите и тешко е да се симне од тронот. Најголемата закана моментно доаѓа од Skoda Octavia. Магазинот auto motor und sport ги спореди двата модела и го избира подобриот.

Третата генерација на Skoda Octavia директно го напаѓа Volkswagen Golf. Познатиот auto motor und sport ги издвои предностите на обата модела со идентична техника и советува кој автомобил е подобар избор за купувачите. Разликата во цената меѓу сестринските марки во концернот повеќе не е толку голема: „Основните модели 1.2 TSI со 85 КС и со споредлива опрема се разликуваат за само 850 евра… со 18.490 евра, Golf е пет проценти поскап од Octavia, која што чини 17.630 евра.“

Магазинот гледа голема предност на Golf во амортизацијата и во комфорот: „Единствено за моделот од Волфсбург е достапно приспособливо подвозје DCC (не за 1.2 TSI). Со доплата од 990 евра, Golf постигнува комфор на амортизација кој што е над неговата класа. Наспроти тоа, Octavia е само во просекот. За неа нема приспособливи амортизери, а во исто време техничарите го направија подвозјето постегнато – поради високата носивост од преку 500 килограми, како и под претпоставка дека повеќето купувачи ќе ја користат на лоши патишта.“ Моделските изведби на Golf со мотори посилни од 105 КС имаат задна оска со повеќе водилки, место полукрута оска за задните тркала. Наспроти тоа, оска со повеќе водилки кај Octavia е достапна само со турбо бензинецот со 180 КС.

Магазинот auto motor und sport оценува дека Octavia е во предност со просторноста на кабината и со багажникот, но Golf се одбранува со деталите на изработката и со покомфорното подвозје
Магазинот auto motor und sport оценува дека Octavia е во предност со просторноста на кабината и со багажникот, но Golf се одбранува со деталите на изработката и со покомфорното подвозје

Заклучокот на реномираниот магазин: „Исто како со малку поблагородниот кокпит, VW Golf се позиционира како помодерен, покомфорен и поквалитетен автомобил со многуте ситни, невпечатливи разлики. Затоа, пак, тој мора да се соочи со очигледно поголемата просторна понуда на Octavia, која што освен во багажникот (590 наспроти 380 литри) се покажува особено во раскошниот простор за нозе назад. VW Golf е покус за 31 сантиметар и не располага со такви просторни чуда, но ги превезува своите патници попријатно. Затоа, тој е подобриот автомобил, со мала предност.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинеските купувачи на луксузни возила се помлади од европските

BMW е најдобра марка според клубот АДАК