за

Skoda Octavia Combi губи најмалку вредност за три години

Чешкото комби од третата генерација задржува најмногу од вредноста при препродажба според студијата на EurotaxGlass.

Тоа е резултатот од студијата што EurotaxGlass ја спроведе во пет европски земји. Студијата опфати шест актуелни модели од компакт класата, а за Octavia Combi беше добиена преостаната вредност меѓу 49 и 40 проценти по три години експлоатација. Истражувањето беше спроведено во Германија, Чешка, Франција, Италија и Велика Британија. Студијата на EurotaxGlass ја предвидува амортизацијата на новите модели на пазарот и призната е како независен водич за стабилноста на вредноста на возилата.

Во последната студија влегоа шест комби модели од компакт класата, односно Skoda Octavia Combi, Ford Focus Combi, Hyundai i30 sw, Opel Astra Sports Tourer, Peugeot 308 SW и Renault Mégane Grandtour. По три години експоатација и 90.000 изминати километри, Skoda Octavia покажа повисоки вредности како користено возило од конкурентите во сите пет земји. Во зависност од земјата, вредноста на користено изнесува меѓу 49 и 40 проценти од цената на ново возило.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оцена на користено возило · BMW X3 (2003-2010)

Тест • Ford B-Max 1.0 Ecoboost Titanium