160
21 shares, 160 points

Бестселерот на Skoda досега се има продадено во повеќе од седум милиони примероци, само лани во 46 држави во светот беа испорачани 364.000 возила. Неколку бројки пред почетокот на продажбата на новиот модел.

Сé почна од бројот осум. Octavia е „осма“ на латински, а таа во 1959 година беше осмиот модел на Skoda со тогаш ревоционерното независно водење на сите тркала и воедно осми модел на марката по втората светска војна. Бестселерот на Skoda дава голем придонес за компанијата да работи успешно и да учествува со 5 проценти во чешкото БДП. Octavia се продава во 46 држави и се произведува во пет фабрики ширум светот.

Од стартот во 1959 година, произведени се повеќе од седум милиони примероци од Skoda Octavia. Ако сите возила се паркираат браник со браник, тоа ќе произведе колона долга 32.200 километри – растојание од Млада Болеслав до Сиднеј и назад. Таа е најпродаван автомобил во Чешка веќе 30 години и бестселер е во уште седум држави, меѓу кои Полска, Австрија и Швајцарија.

Топ-пазари на Skoda Octavia се Кина, Германија и Русија

Лани биле испорачани 364.000 примероци од Octavia и Octavia Combi. Приближно толку возила се изработиле од оваа моделска серија меѓу 1959 и 1971 година. Првиот модел под покривот на концернот Volkswagen се појави во 1996 година и се произведуваше 15 години, со повеќе од 1,4 милион продадени примероци.

Најголем пазар за моделот лани беше Кина, со 78.200 примероци или 21% од вкупната испорака на Octavia. Втор најголем пазар е Германија, кадешто лани се постигнати 15,45% од вкупната продажба или 55.200 примероци – таа е најпродаван модел од „негерманска“ марка во земјата. Потоа следат Русија (7,6%), Чешка (6,1%) и Полска (5,7%).

365 km/h на соленото езеро во Јута

За четвртата генерација на моделот се достапни 17 различни димензии и големини на бандажи, од 16 до 19 инчи. Панорамскиот покрив пушта светлина во кабината низ површина од 1,19 метар квадратен. Рекорд беше поставен во 2011 година, кога британскиот увозник подготви специјална Octavia, којашто со екстремно тјуниран дволитарски дизел постигна 365 km/h на соленото езеро Боневил во американската сојузна држава Јута.

До 20 најразлични сензори испорачуваат податоци до системите за асистенција

Во 4-та генерација на бестселерот, работат до 20 сензори, меѓу нив и сензор што препознава кога велосипедист наидува кон возилото и го предупредува возачот, пред тој да ја отвори вратата. Во секоја Octavia се поставени до пет километри кабли, вклучувајќи и кабли за звучниците.

Новата Octavia доаѓа заедно со Лаура, дигитална говорна асистентка. Таа разбира 15 јазици, од кои на шест може да се користи обичен говор, без потреба да се учи точната команда.

Skoda Octavia третпат со награда за дизајн Red Dot

Skoda Octavia nova


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
21 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *