Skoda Octavia 1.5 TSI е најштедлив модел со бензински мотор во средната класа, според клубот АДАК. Чешката лимузина во новата генерација ги задржува предностите и во поглед на трошоците за одржување, како и во задржувањето на вредноста, цени клубот.
Според пресметките на клубот АДАК, најштедлив бензинец во средната класа моментно е Skoda Octavia со 1,5 литарски мотор со 150 КС – и со технологијата ACT за исклучување два цилиндри при пониско и средно оптоварување. Вредноста од 5,6 литри е пресметана според новата норма WLTP, којашто е многу пореална во споредба со претходната NEDC. Оваа бензинска варијанта на новата Octavia е во предност во својата класа и во поглед на вкупните трошоци по километар, вкупните трошоци за одржување, како и во задржувањето на вредноста.
Клубот редовно ја пресметува потрошувачката на гориво и јасно ги посочува моделите со бензински мотор што постигнуваат најниска потрошувачка, а со тоа и најниска емисија на СО2. Пресметките на АДАК за четири класи возила се базираат врз официјалните податоци за потрошувачката и емисијата според нормата WLTP што е блиску до реалната потрошувачка.
Автомобилскиот клуб ги пресметува и вкупните трошоци на месечно ниво. Во тоа спаѓаат амортизација, даноци и осигурување, сервисен преглед, замена на потрошни делови, замена на гуми и трошок за гориво, за годишен турнус од 15.000 километри. Овие трошоци за Skoda Octavia 1.5 TSI ACT изнесуваат 50,2 центи по секој минат километар. Тоа е далеку пониска вредност во споредба со конкурентите во средната класа.
Skoda Octavia со бензинецот со 150 КС и ниво на опрема Ambition, на чешкиот пазар стартува од 596.900 круни, односно околу 22.400 евра. Во понуда се уште две варијанти на 2.0 TDI, со 115 и со 150 КС. Понатаму ќе следи и изведба со 1,0-литарски бензинец.
Уште еднаш се докажува корисноста на онлајн-прегледот на возилата на лагер што Порше Македонија го организираше уште рано во почетокот на корона-кризата. Моментно на плацевите на компанијата има останато уште една Octavia, со 1.0 литарец со 115 КС и ниво Ambition, во сива металик боја, со цена од 15.400 евра, вклучувајќи и десетина ставки од дополнителната опрема. За пристигањето на новиот модел уште нема најава.
Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување