за

Skoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија

Skoda Octavia G-Tec

При замена на стар дизел со Skoda Octavia G-Tec со погон на метан, германските дилери нудат еко-премија од 2.000 евра и дополнителен бонус од 5.000 евра. Уште еден G-Tec модел на Skoda ја добива привилегијата.

Понудата од возила со погон на метан станува сé позабележлива во концернот Volkswagen. Тоа е дел од новата стратегија на коцернот, поттикната по дизел-скандалот, којашто подеднакво ја опфаќа и премиум-марката Audi, како и чешката Skoda. До крајот на годинава, за купувачите на Skoda Octavia G-Tec во Германија следува вкупен попуст во висина од 7.000 евра, доколку стариот дизел со норма според Еуро 1 до Еуро 4 го испратат во отпад.

Станува збор за возила со бивалентен погон на метан, што значи дека може да се вози и чисто на бензин. Попустот за помалиот модел Citigo G-Tec изнесува до 3.750 евра. Според чешката марка, предностите на погонот се во безбедното користење, ниската цена на горивото и релативно чистата емисија. Skoda ги прифаќа старите модели со дизел мотор според нормите Еуро 1 до 4 од сите марки.

Трипати пониски трошоци со Skoda Octavia G-Tec: Според македонските цени, 144 денари за 100 километри на метан, наспроти 422 денари на бензин

Во Skoda Octavia G-Tec работи 1,4-литарски TSI со 110 КС, којшто како погонско гориво може да користи и метан и бензин. При погон на метан, емисијата на СО2 изнесува само 98 g/km, со потрошувачка од 4,5 килограми метан на сто километри градско возење. Опција е седумстепен DSG со двојна спојка. Лимузината и комбито стандардно се испорачуваат со пакетот Green tec, којшто содржи старт-стоп систем и повраток на енергијата при сопирање. Кога двата резервоара се полни, Octavia G-Tec теоретски може да извози до 1.330 километри без запирање (910 km на бензин и 420 km на метан). Цената со попуст изнесува 15.250 евра.

Градскиот модел Citigo исто така профитира од попустот во висина од 3.750 евра, така што цената изнесува 8.970 евра. Пакетот Green tec е стандард, погонот е 1.0 MPI со 68 КС и просечна потрошувачка од 2,9 килограми метан на 100 километри.

Примената на метанот во Македонија уште е во почетна фаза и се сведува првенствено на залагањето на Макпетрол во изградбата на соодветната инфраструктура. Моментно функционираат четири станици за метан, на „Партизанска“ и во Влае во Скопје, во Куманово и во Градско. Компанијата вградува и уреди за метан во возилата. Цената на килограм метан во моментов изнесува 32 денари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw x2

BMW X2 по принцип на ситуациска комедија

Nissan Leaf

Електричниот Nissan Leaf со летечки старт во продажбата