По успешната пробна фаза, апликацијата од дигиталната лабораторија на Skoda сега е достапна за бесплатно преземање. Со неа може да се користат сите видови јавен превоз во Прага, од метро, автобус, травај и фериброд, вклучувајќи го и јавниот возен парк од велосипеди Freebike, до краткотрајно изнајмување автомобили од возниот парк на Liftago.
Апликацијата со име Citymove фукционира на тој начин, што откако корисникот ќе ги наведе поаѓалиштето и одредиштето, таа ја пресметува нанјдобрата рута и ги предлага видовите на превоз што одговаараат најдобро.
Citymove е првиот проект на дигиталната лабораторија на Skoda. Предноста е во тоа што во неа се интегрирани сите можни прашања во поглед на превозот. Во следните месеци се најавуваат уште многу други апликации.
По бесплатното преземање (за Android и за iOS), корисникот треба само да се регистрира. Плаќањето за користење електричен велосипед се плаќа директно преку кредитната картичка што е внесена при регистрацијата, исто како и такси превозот, а користењето на јавниот превоз пристига на телефонската сметка.
Врска до страницата на апликацијата ⇒⇒⇒ https://www.citymove.app/
Со апликацијата на Skoda може да се бараат и паркиралишта и зони во центарот на Прага, како и директно да се плати паркирањето преку кредитна картичка.