за

Смена на врвот на Skoda

Шефот Бернхард Мајер со претставувањето на студијата Vision S на салонот во Женева го најави идниот спортски теренец на база на Superb

Ненадејна смена на челната позиција на Skoda. Бернхард Мајер по пет години го напушта директорското место. Неговиот наследник според чешкото право ќе се избира на првата седница на управниот одбор во август.

Бернхард Мајер на 31-ви јули го напушта претседателското место во Skoda по неполни пет години. Германецот ја започна својата професионална кариера во 1984 година во Nixdorf Computer AG. Во периодот меѓу 1988 и 2001 година, Мајер е на различни раководни позиции во BMW AG, во земјата и во странство. Во 2001 година, тој го презема директорското место во Porsche Deutschland GmbH и во 2010 година е именуван за директор на продажба и маркетинг во Dr. Ing. h. c. F. Porsche AG. На оваа позиција, Мајер воведува комплетна модернизација на трговската и диструбутерската мрежа. Под негово раководство значително се проширува меѓународната трговска организација и продажбата во светски рамки се зголемува трикратно.

Во ноември 2015 година, Бернхард Мајер е назначен за генерален директор на Skoda Auto a.s. Главните аспекти на новата организација на компанијата во рамките на Стратегија 2025+ се поставени на електромобилноста, дигитализацијата и конективноста, исто како и на новите услуги за мобилност и на проширувањето на моделската понуда на марката.

Под директорската палка на Мајер, Skoda воведе нови важни модели, како Kodiaq, Karoq, Kamiq и Scala, и развиен е првиот чисто електричен автомобил Enyaq iV. Продажбата се зголеми на 1,3 милион возила годишно, поставени се рекорди во прометот и оперативната заработка.

Шефот на Skoda: „Ќе има време и по вирусот корона“

Бернхард Мајер - Шефот на Skoda „Ќе има време и по вирусот корона“
Бернхард Мајер – Шефот на Skoda „Ќе има време и по вирусот корона“

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Kia Sorento стартува со производство во Кореја

Kia Sorento стартува со производство во Кореја

Во Lexus би се навредиле ако LS се нарече „јапонски S-Class“

Во Lexus би се навредиле ако LS се нарече „јапонски S-Class“