за

Значка RS и дизел со 240 КС за Skoda Kodiaq

Skoda Kodiaq RS

Skoda Kodiaq го доби најсилниот дизел мотор во историјата на чешката марка, пазарот го доби првиот СУВ-модел на Skoda што ја носи престижната ознака RS.

Спортскиот топ-модел е прв СУВ на чешката марка што ја добива ознаката RS, за заслугата за тоа е во дволитарскиот битурбо дизел со 240 КС и брутални 500 њутнметри. Тоа е најсилниот дизел мотор што Skoda го вградила во сериски модел во својата 123-годишна историја. Погонот на сите тркала и седумстепен менувач со двојна спојка се дел од пакетот.

Skoda Kodiaq RS поседува неколку додатоци кои внесуваат спортска динамика во надворешниот изглед, вклучувајќи преден и заден браник со посебен дизајн, но располага и со суштински додатоци, како активно подвозје DCC, избор на профил на возење, прогресивно управување, и како новитет, динамично засилување на звукот на издувот.

Skoda Kodiaq RS 2am#

Сопирачките дискови од 17 инчи се поголеми од бандажите на повеќето автомобили. Со тоа секако дека одат сопирачки клешти во црвена боја. Заедно со Kodiaq RS пристига уште една моделска изведба: Kodiaq 1.5 TSI ACT со 150 КС, во верзија со менувач со двојна спојка, отсега е достапен и со погон на сите тркала. Во германскиот ценовник, бензинецот со погон 4х4 чини 34.700 евра, во нивото Ambition. Изведбата на овој модел без погон на сите тркала, во ценовникот на Порше Македонија фигурира со 27.632 евра, во наведеното ниво.

Skoda Kodiaq RS со екстра 50 КС во споредба со досегашниот топ-дизел

Mаската е лакирана во сјајна црна боја, исто како и носачите за багаж, рамките на прозорците и куќиштата на ретровизорите. Диодните светла се вградуваат стандардно, заедно со приспособлив светлосен сноп.

Рефлекторот во задниот браник се протега по целата ширина, што е заштитен знак на сите модели RS на Skoda. Под браникот јасно се гледаат двете масивни издувни цевки. Појавата на Skoda Kodiaq RS ја заокружуваат бандажите до 20 инчи. Чешката марка првпат го вградува овој формат како дел од стандардната спецификација. Бандажите се лакирани во боја на графит.

Skoda Kodiaq RS 3am#

Внатре веднаш се забележуваат спортските седишта со интегриран потпирач за глава. Седечката површина е обложена со алкантара, црвени штепови прават ефектен контраст во спортски темниот кокпит. Воланот исто така посредува врска со мотоспортот, исто како и педалите, кои се изведени челичен финиш.

Skoda Kodiaq RS 4am#

Во богатата опременост спаѓа и радио Bolero, со технологија SmartLink+, за поврзување преку Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLinkTM и SmartGate. Ракувањето е преку дисплејот на допир од осум инчи. Говорни команди и безжично полнење на телефонот исто така се стандард. Фановите на RS веројатно нема да „негодуваат“ што Чесите стандардно вградуваат и виртуелен кокпит, односно дигитални инструменти.

Дилерите веќе започнаа да примаат нарачки за Skoda Kodiaq RS. Цената за германскиот пазар изнесува 49.990 евра.

Skoda Scala брои уште една седмица до премиерата

Четири пумпи имаме, фали уште Skoda Citigo на метан

Skoda Fabia во моделска изведба меѓу комби и СУВ

Skoda Kodiaq GT во чест на најголемиот пазар во светот

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford transit custom phev keln test

Ford тестира хибриден Transit во Келн

кина надзор електрични автомобили

Кинеската влада ги следи електричните автомобили