за

Купе-изведба Skoda Kodiaq GT ексклузивно за Кина

Skoda Kodiaq GT

Кина е единствен пазар што ќе нуди четири СУВ-модели на Skoda. Специјално за најголемиот пазар на чешката марка е развиена купе-изведба од големиот теренец на Чесите. Skoda Kodiaq GT ќе биде локален знаменосец и главен носител на имиџот на марката

Чешкиот производител го навести изгледот на идниот Skoda Kodiaq GT со неколку скици. Купе-изведбата од големиот СУВ ќе биде новиот знаменосец на марката – на кинескиот пазар. Моделот ќе се продава само во Кина. Тоа е привилегија на најголемиот пазар во светот, кој единствен ќе има четири СУВ-модели на Skoda во понудата: Kamiq, Karoq, Kodiaq и Kodiaq GT.

Skoda Kodiaq GT ќе биде знаменосец и носител на имиџот на марката во Кина

Закосениот покрив му дава спортски-динамичен профил на Skoda Kodiaq GT. Разликата во споредба со стандардниот модел се сведува главно назад. Покривот почнува да се спушта веднаш зад предните врати и преоѓа во закосен заден капак. Skoda го опишува Kodiaq GT како свое прво купе-СУВ, што логично укажува дека наскоро пристига придружба.

Skoda Kodiaq GT 1

Кина е најголем автомобилски пазар во светот, но и најголем пазар за Skoda. Како дел од стратегијата до 2025 година, Чесите моментно вложуваат многу во електричниот погон и дигитализацијата, но и во проширувањето на понудата од СУВ-модели. Skoda веќе има еден ексклузивен модел за кинескиот пазар, компактниот Kamiq. Појавувањето на Kodiaq GT сепак е многу поважно за марката, затоа што големото СУВ-купе носи повеќе профит и го полира имиџот на марката.

Skoda Kodiaq GT 3

При државната посета на кинескиот претседател Кси Јинпинг во 2016 година, чешкиот производител потпиша спогодба да вложи над две милијарди евра во проширувањето на понудата од СУВ-модели, но и на модели на Skoda со алтернативен погон.

Skoda Vision RS станува сериски модел уште годинава

Шкодо, постои ли нешто што не си произведувала?

Skoda планира да отвори уште една фабрика

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Fiesta Red Black

Ford Fiesta со лента што кажува „не можеш да ме престигнеш“

Nissan Qashqai News UK izbor

Британците ценат дека Nissan Qashqai е нивниот најдобар автомобил