121
17 shares, 121 points

Се комплетира триото од малечки СУВ-модели од трите „народски“ марки на Волфсбург. Skoda Kamiq е чешката варијанта на Seat Arona и VW T-Cross. Во Кина постои уште еден Kamiq, кој освен името нема друго заедничко со европскиот модел.

Во Skoda почна да снемува имиња за новите модели. Најмалечкиот СУВ-модел на Чесите, кој ја комплетира понудата на марката покрај Karoq и Kodiaq, ќе доживее премиера на салонот во Женева во март, како Skoda Kamiq. Тоа што името се чини познато, не е без причина. На кинескиот пазар од лани се продава СУВ-модел под истото име. Европскиот и кинескиот Kamiq се различни модели. „Нашиот“ користи модерна платформа MQB, додека Кинезите возат верзија што како основа ја користи PQ34, од Golf од шестата генерација.

Имињата на СУВ-моделите на Skoda почитуваат норма: Тие почнуваат на K и завршуваат на Q

Млада Болеслав првпат го соопштува името на новиот модел. Kamiq потекнува од јазикот на Инуитите, кои живеат на северот на Канада и на Гренланд. Зборот ја опишува состојбата, кога нешто одговара совршено, како втора кожа. Чешката марка дополнително си задава потешкотии при кумувањето на своите модели, затоа што според „нормата“, имињата на СУВ-моделите мора да почнуваат на K и да завршуваат на Q.

skoda krosover fabricka zeneva

Во претходната фаза од најавувањето на малечкиот СУВ беше прикажана слика, која што потврди дека предните светла ќе бидат изведени во стилот на студијата Vision X, од ланскиот салон во Женева. Skoda Kamiq ќе двои во уличната слика, со тенките дневни светла кои се забележуваат прво.

Понудата од мотори е мошне извесно дека ќе ја сочинуваат познатите три- и четирицилиндарски мотори, со моќност меѓу 95 и 150 КС. Можно е во Kamiq да проработи и 1,5-литарскиот TSI со погон на метан, како во студијата од Женева. Во некоја следна фаза би можело да се очекува и хибридна варијанта, којашто воедно би овозможила и погон на сите тркала, со електромотор за задната оска.

Skoda Kamiq ќе биде позиционирана под Karoq, кој на нашиот пазар стартува од 18.115 евра.

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Skoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра

Skoda најавува мини-кросовер за салонот во Женева

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

121
17 shares, 121 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format