за

Третина од возачите му даваат име на својот автомобил

Третина од возачите му даваат име на својот автомобил
Третина од возачите му даваат име на својот автомобил

Една третина од возачките и возачите во Британија му даваат име на својот автомобил, именувајќи го според член од семејството или друго сакано лице. Тоа го открива студијата што ја спроведе огранокот на Skoda во островската држава.

Истражувањето било спроведено меѓу 2.000 возачки и возачи во Велика Британија, од кои 32% кажале дека му дале име најмалку на еден автомобил што го поседувале. Една четвртина од испитаниците, пак, откриле дека им дале имиња на три или повеќе возила во својот живот.

Тимот на Skoda изброил 450 различни имиња. Некои од нив се почести, како Бети, Фреди, Дејзи или Роузи. Од имињата на познатите се издвојуваат Бијонсе, Харисон Форд и Елвис Пресли. За прочуената смисла на хумор на Британците сведочат имињата како Bubbles, Beast, The Brussel Sprout, Zorro и Ketchup.

Британците им „измислуваат“ имиња на своите автомобили, затоа што тоа ги тера на смеење

Возачките и возачите им даваат имиња на своите автомобили, најчесто поради тоа што името ги тера на смеење. Така се искажале 29% од испитаниците. Голем е бројот на возачи што го избрале името затоа што автомобилот ги потсеќа на нешто. Осум проценти го именувале автомобилот по сакано лице или член од семејството, додека 10% го направиле тоа поради некоја посебна личност во животот.

Skoda не е исклучок. Нивната асистентка за возење се вика Лаура. Патем, возачките двапати почесто им даваат имиња на своите автомобили отколку мажите. Кај машките возачи, пак, мажите почесто избираат име по сакана личност или роднина (12%), наспроти само 6% од дамите.

Овие 13 автомобили имаат најморничави имиња

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно

Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно

Triumph Scrambler 1200 Bond Edition

Triumph Scrambler со поздрав од Џејмс Бонд