191
32 shares, 191 points

Три модели на Skoda победија во своите класи во изборот за најдобар увозен автомобил на германскиот магазин Ауто Билд. Кај градските автомобили победи Fabia, најдобар компактен СУВ е Karoq, додека Kodiaq го повторува ланскиот успех како најдобар СУВ-модел од странска марка во средната класа

Skoda постигна трикратна победа во изборот на најдобите увозни автомобили за 2018 година на германскиот магазин Ауто Билд. Трофејот во класата на градските автомобили ѝ припадна на Skoda Fabia, додека во класата на компактните СУВ-модели победи Karoq. Најпродаваниот автомобилски магазин во Европа вторпат му ја додели титулата за најдобар СУВ од средната класа од странска марка на Kodiaq. Трите победнички модели на Skoda постигнаа најдобар резултат од сите увозни модели во споредбените тестови на Ауто Билд.

Skoda Fabia (прочитајте го нашиот тест) се појави на споредбен тест на Ауто Билд во верзија со 1,0-литарски TSI со 110 КС и победи три конкуренти (Peugeot 208, Honda Jazz и Hyundai i20; тогаш прв беше домашниот VW Polo). Покрај добрата просторна понуда и најниската потрошувачка, експертите посебно ги ценеа системите за асистенција, како и онлајн-функциите во возилото, достапни како опционална ставка.

Skoda Karoq освои мошне високи 544 бодови на споредбениот тест против Peugeot 3008 и Seat Ateca

Убедлив беше и триумфот на Skoda Karoq, кој победи со 544 бодови на споредбениот тест против Peugeot 3008 и Seat Ateca. Со 50 бодови предност, Karoq 2.0 TDI 4×4 си ја обезбеди титулата за Најдобар увозен автомобил за 2018 година во класата на компактни СУВ-модели. Уредниците на Ауто Билд дадоа најмногу бодови за варијабилноста, добрата просторна понуда, како и за големиот багажник.

Skoda Kodiaq на тест на Аутомедиа

Skoda Kodiaq втора година по ред се избори за победа кај СУВ-моделите од средната класа, во категоријата на најдобри автомобили од увозни марки. Големиот чешки теренец настапи на споредбен тест со дволитарски дизел со 190 КС и менувач DSG против Hyundai Santa Fe, победувајќи со предност од 13 бодови.

Магазинот тогаш ги издвои можноста за доплата за трет ред, „багажникот со големина XXL“, како и динамичните возни својства, придружени со комфорна амортизација. Моделот со име по еден вид мечки на Аљаска освои дополнителни бодови и со прецизното управување, добрата изработка и прегледниот кокпит.

Понудата од моделски изведби во гамата на Kodiaq од неодамна е збогатена со спортската верзија RS, со дволитарски битурбо дизел со 240 КС, како прв модел со традиционалната ознака за спротските модели на Skoda. Веднаш потоа беше најавена и ексклузивната изведба Laurin & Klement, со фабрички богато ниво на опрема и неколку препознатливи детали.

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

Skoda Fabia 10 TSI Ambition test


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

191
32 shares, 191 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *