за

Škoda Fabia со награда за дизајн „Red Dot“

Skoda Fabia

Новата генерација на Škoda Fabia ја освои наградата за дизајн од „Red Dot“. Ова е осми пат модел на Škoda да ја добие престижната награда од оваа организација.

Секоја година меѓуанродно жири од експерти ја доделува наградата „Red Dot“. Со вкупно 4.928 пријави од 1.994 производители од 56 држави само во оваа година, наградата за дизајн на производ на Red Dot е еден од најголемите избори на најдобар производ на светско нови. Škoda Fabia од третата генерација е осми модел на Škoda којшто е одликуван со оваа награда.

Fabia стартуваше со продажба во ноември, со емотивен и впечатлив дизајн, што е нов атрибут на моделот наспроти претходникот. Третата генерација на Fabia е прв модел на Škoda што се раководи според дизајнот на студијата VisionC.

Жирито на изборот за најдобар дизајн на производ е составено од 38 експерти, вклучувајќи професори по дизајн, уметници и специјализиран новинари од 25 држави. Дизајнот на возилата се проценува според иновативноста, функционалноста, ергономијата и долготрајноста. Во крајната оцена влегуваат и подносливоста на животната средина и впечатокот за квалитет што го оддава изгледот на возилата.

[pull_quote_left]„Новата Fabia е динамична и со силен карактер, како никогаш досега и воедно е најемотивна Fabia во историјата. Се радуваме што новиот дизајн подеднакво наидува на голема одушевеност како кај нашите купувачи, така и кај експертите“ – Јозеф Кабан, главен дизајнер на Škoda[/pull_quote_left]

Практичноста е еден од најголемите квалитети на моделското име Fabia досега. Новиот модел меѓу другото поседува најголем багажник во својата класа, како и вкупно 19 практични решенија, почнувајќи од држач за гребач на мраз во капакот на резервоарот до преграда за безбедносен елек под возачкото седиште. Спојот од емоции и функционалност на новата Fabia наидува на одлична прифатеност на пазарот. Во првите два месеци од годинава, испораките на Fabia се зголемија за 11,7 проценти во Западна Европа, односно за дури 32,7 проценти во Источна Европа.

Прв модел на Škoda одликуван со престижната награда беше Octavia Combi во 2006 година. Потоа следеа Roomster (2007), Fabia II (2008), Yeti и Superb Combi (2010), Rapid (2013) и Rapid Spaceback лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Доделени наградите за дизајн Red Dot за 2015 година

Bentley најавува екстремен спортски модел за 2016 година