за

Skoda Fabia како уметнички објект

Би се вознемириле ако наутро ја здогледате својата нова Fabia на улица вака испочкртана со графити? Ова е дело на светскиот графити-мајстор Армандо Гомез

Португалскиот уметник Армандо Гомез направи уметничка креација од Fabia. На тој начин Skoda сака да укаже на богатите можности за индивидуализација на нивниот нов модел.

За новата Skoda Fabia стојат на располагање дури 125 различни комбинации од бои. За тоа да го нагласи, чешката марка го ангажираше графити-мајсторот, Поргугалецот Армандо Гомез, којшто ја претвори Fabia во уникатно уметничко дело со богат колорит.

Трансформацијата на автомобилот во „улична уметност“ беше извршена во повеќе чекори. Армандо Гомез прво ги исцрта линиите и геометриските форми по каросеријата на Fabia. Потоа одделните површини беа лакирани во повеќе бои со прскање. На процесот присуствуваа новинари од областа на животниот стил од целиот свет, коишто имаа можност да ја тестираат новата Fabia.

Португалецот на возраст од 31 година и целосно име Армандо Хорхе Аирес да Коста Гомез е еден од највлијателните графити-уметници во светот. Гомез живее и работи во Лисабон и освен со графити, работи и како дизајнер, илустратор и филмски продуцент.

Fabia е прв сериски модел на чешката марка којшто ја прикажува еволуцијата на дизајнерскиот говор на Skoda преку експресивни и емотивни форми. Посебен акцент се става на индивидуалноста. За каросеријата на Fabia се достапни 15 бои. Со можноста за избор на бои за покривот, предните столбови, ретровизорите и бандажите се добиваат вкупно 125 различни комбинации од бои.

skoda fabia grafiti 2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ги претвора салоните во виртуелна реалност

Водородната Toyota се продава подобро од очекувањата