за

Skoda Fabia е најбезбеден автомобил во класата според Euro NCAP

Новата генерација на „чешкото Polo“ освои најмногу бодови и како единствен модел во класата на малечките доби пет ѕвездички на краш тестовите на Euro NCAP.

Новата Skoda Fabia е најбезбеден автомобил во класата на малечките автомобили според актуелните краш тестови на Euro NCAP. Чешкиот автомобил постигна највисок број на бодови на актуелниот краш тест на реномираниот конзорциум и како единствен меѓу 14 тестирани модели во класата освои максимални пет ѕвездички за безбедност. Оценувањето на Euro NCAP се базира на резултатите во подрачјата на заштита на возрасни патници и деца, заштита на пешаци и помошни безбедносни системи.

„Нашиот нов модел поставува стандарди во својот сегмент со иновативни безбедносни системи и обемен пакет од безбедносна опрема. Тоа само го потврдува одликувањето како најбезбеден малечок автомобил на краш тестот на Euro NCAP“, изјави Франк Велш, претседател за технички развој во Skoda. Fabia освои најдобра оцена од пет ѕвездички во сите четири категории. Техничарите особено ја ценат цврстата патничка кабина.

Новата Fabia се одликува со безбедносни иновации коишто досега беа достапни само во повисоките сегменти на возила. Премиера во чешкиот модел доживеа опционалниот Front Assistant (радар во предниот дел од возилото) со интегрирана функција на сопирање при опасност при градски брзини на возење. Системот преку радар го следи постојано растојанието од возилата напред и се активира кога растојанието ќе се намали на критична вредност. Со доплата е достапен и систем за следење на будноста на возачот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десктоп верзијата на GTA V одложена за март

Детроит 2015: Shelby GT350-R е најбрзиот сериски Mustang во историјата