132
95 shares, 132 points

Двајца новодојденци го привлекуваат вниманието во градската класа. Новата генерација на чешкото Polo настапува против фејслифтот на Corsa. Обата модела во подобро опремените верзии чинат исто. Но, дали е така?

Годинава ќе биде мошне густо во градската класа на возила. Најмалку пет нови модели доаѓаат на местото на докажаните претходници, меѓу нив мајсторот за трансформација Honda Jazz и динамичарот Mazda2, па и амбициозниот Hyundai i20. Два модела се веќе тука, и тоа токму Skoda Fabia и Opel Corsa, како едни од најсилните играчи во класата. Германците малку избрзаа со претставувањето на Corsa, којашто се труди да се прикаже како нова генерација, но во суштина се работи за само малку порадикален фејслифт, без промени во механиката и во архитектурата на возилото во споредба со претходниот модел. Напроти тоа, Skoda нема ништо заедничко со претходникот и за првпат ја користи новата модуларна платформа на Volkswagen.

Opel Corsa е потешка за дури 108 килограми

Колкава е предноста што новата Fabia ја постигнува во однос на Corsa се покажува веднаш во тежината на возилата. Со 1.163 килограми, Opel тежи дури 108 килограми повеќе од чешката комбилимузина. Тука Corsa не може да сокрие дека е конструирана според старите стандарди, без разлика колку убедливо „ново“ изгледа каросеријата. Поради тоа, „дебелкото“ на Opel со 1,2-литарски мотор со четири цилиндри и 70 КС не може во ниту еден поглед да ја следи значително полесната и потемпераментна Fabia, со трицилиндарски мотор со зафатнина од 1,0 литар и моќност од 75 КС.

Иако располага со вртежен момент чија што максимална вредност е за дури 20 њутнметри повисока во споредба со 1.0 MPI, моторот Twinport во Opel заостанува во сите дисциплини. Спринтот до 100 km/h трае 1,3 секунда подолго, крајната брзина е пониска за цели десет километри на час, и конечно, просечната потрошувачка е повисока за 0,6 литар. Со заштедата што ја постигнува во горивото, Fabia си „отплаќа“ цело годишно осигурување на возилото. Во земјите во ЕУ каде што висината на регистрацијата се одредува според количината на СО2, Fabia повторно „штеди“ со 108 грами CO2/km, наспроти 126-те грами на Opel. Кај нас екологијата уште нема напредувано дотаму.

Покрај тоа, Opel воопшто не го нуди системот за автоматско гаснење на моторот на семафор за 1,2-литарскиот Twinport, дури ниту со доплата, додека истиот следува како стандард во Fabia, вклучувајќи и полнење на акумулаторот при секое сопирање. Тоа го поштедува алтернаторот од вклучување заради дополнување на акумулаторот во текот на возењето, што дополнително штеди гориво. Системот старт-стоп во градски услови на возење може да постигне заштеда и до 20 проценти.

Во багажникот на Skoda Fabia има 45 литри повеќе простор

Иако е покуса за три сантиметри, Fabia располага со 45 литри повеќе простор во багажникот. Како очигледен пример, тоа се повеќе од 20 дволитарски шишиња сок. Предноста во споредба со Corsa се покажува и во максималниот волумен, при соборена задна клупа. Со максимални 1.150 литри, Fabia повторно е во предност за 30 литри. Генерациската разлика се огледува и во некои подрачја што ретко кој ги „загледува“. Дозволената тежина на приколка, на пример, кај Fabia е поголема за точно 100 килограми (800 kg), и покрај па дури и дозволената носивост бележи плус 13 килограми (455 kg).

Засега Fabia покажува убедливи предности наспроти „новата“ Corsa. Но, на крајот секогаш решаваат парите. Во тој поглед важи нерешен резултат меѓу обата модела. Место основнaта верзија на моделите, којашто кај Fabia чини 9.150 евра со ниво Active и 60 КС, односно 10.231 евра за Corsa 1.2 Selection со 70 КС, за оваа споредба ги избравме верзиите со вторите нивоа на опрема, како пореален и поразумен избор. На Fabia ѝ „додадовме“ и 15 КС, коишто Чесите ги ценат 450 евра. Верзијата со 60 КС повеќе фигурира како избор за големи возни паркови, кадешто заштедата од 450 евра помножено со „икс“ возила значи многу пари.

Во Corsa отсуствуваат клима-уред и радио дури и во нивото Enjoy

Fabia со мотор 1.0 MPi со 75 КС и со второто ниво на опрема именувано како Ambition се вади од салон за 10.700 евра, додека споредливата Corsa 1.2 Selection во ценовникот стои со 10.617 евра. Тука Opel за првпат доаѓа во „предност“, за 83 евра. Тоа што обата модела го поседуваат како стандард во споредуваните нивоа на опрема се централна брава со далечинска команда, електрика на предните прозорци и на ретровизорите, патен компјутер, висинско местење на возачкото седиште, соборување на задната клупа, како и задолжителниот безбедносен пакет од контрола на стабилност, предупредување при губење на притисокот во гумите и најмалку две воздушни перници.

opel corsa detal
Просторот за радио останува празен во Corsa. За клима уред исто така треба да се доплати

А, клима уред и радио? Тие се стандард само кај Fabia. Германците бараат доплата за овие две ставки, кои не само што треба да се подразбираат и во оваа класа на возило, туку отсуствуваат дури и во второто ниво на опрема за Corsa. Всушност, многу повеќе работи се „заборавени“ во некогаш популарниот модел. Opel пропушта да вгради и греење во ретровизорите, недостигаат и магленки, исто како и резервно тркало со нормална големина и со неопходниот алат. Сето тоа следува како стандард во Fabia. Corsa е во предност единствено во бројот на воздушни перници – шест, наспроти две кај Skoda.

Разликата сепак изнесува 870 евра во корист на чешкото Polo

Кога обата модела на крајот ќе се доведат на исто рамниште со нивото на опременост, односно во Corsa ќе се додадат суштинските ставки што ги поседува Fabia и обратно, Skoda чини 11.170 евра (со доплата од 470 евра за странични воздушни перници и воздушни завеси), додека Opel доаѓа до 12.040 евра, вклучувајќи клима уред, радио, магленки, резервно тркало во нормална големина и греење на ретровизорите. Според тоа, реалната разлика во цената меѓу германскиот и чешкиот модел не изнесува 83 евра, како што покажува „голата“ цена, туку 870 евра. Тоа се значајни осум проценти, што секако дека значат многу при изборот на возилото.

Новата платформа на Fabia постигнува рационално искоростување на просторот, вклучувајќи и повеќе простор за нозе назад
Новата платформа на Fabia постигнува рационално искоростување на просторот, вклучувајќи и повеќе простор за нозе назад

Натамошната споредба во списокот на опции на обата модела открива нови моменти. Металик лакот, на пример, за Corsa чини 351 евра, додека во Fabia следува за 116 евра помалку. Доплатата за кожена облога на воланот кај Чесите чини 195 евра, додека Opel наплатува 110 евра. Разликата е во тоа што во Fabia за цената се добиваат и кожа на рачката на менувачот и на паркирната сопирачка. Стратегија на Opel е да го понуди новите технологии по цена достапна за поширокиот пазар – или барем прв да го направи тоа. Реалноста сепак покажува друго.

Системот за замостојно запирање, кога електронските сетила на автомобилот ќе препознаат неизбежен судир при градски брзини на возење, кај Corsa чини дури 502 евра, во пакет со систем за „читање“ сообраќајни знаци и самозатемнувачки ретровизор. Skoda вели 255 евра за овој систем што спречува судир и настанување повреди, односно оштетување на возилото.

Очигледното не мора секогаш да биде и правилно

Оваа споредба меѓу Skoda Fabia и Opel Corsa покажува дека не треба секогаш да се суди според очигледното, кога станува збор за вистинскиот избор на автомобил. Германскиот модел настапува со техника од претходната генерација и поради тоа заостанува во сите релевантни вредности на перформансите и потрошувачката на гориво. Наспроти тоа, Fabia вози со новата платформа на Volkswagen, значително полесна и во состојба да постигне подобри перформанси во секој поглед. Новитетите што се носители на „напредокот“ кај Opel Corsa, како напредни системи за асистенција или мултимедиски системи во чекор со времето, најчесто се достапни во скапи пакети или не предизвикуваат интерес кај македонските купувачи на автомобил во оваа класа, па оттаму, моделот пропушта да се претстави како иновативен.

Во ценовникот се провлекуваат многу пропусти, иако за споредбата се намерно избрани моделски верзии со побогато ниво на сериска опременост, каде ништо не би требало да недостига според стандардот на класата. Единствениот нов мотор во фејслифтот, со когошто Corsa би можела да го надомести технолошкиот заостаток зад Fabia и другите нови модели во класата, еднолитарскиот трицилиндарец со турбонатполнење и 90 КС во основната верзија, чини дури 12.747 евра во комбинација со ниво Enjoy, што е за преку 2.000 евра поскапо во споредба со 1,2-литарскиот Twinport. Така, Skoda Fabia останува јасен победник во оваа споредба.

Технички податоци: Opel Corsa 1.2 против Skoda Fabia 1.0 MPI
Марка и модел Opel Corsa 1.2 Enjoy Skoda Fabia 1.0 MPI Ambition
10.617 евра 10.700 евра
Мотор и погон
Вид на мотор Бензински, во линија, 4 цилиндри, 4-вентилски Бензински, во линија, 3 цилиндри, 4-вентилски
Работна зафатнина [ccm] 1229 999
Моќност [КС/min] 70 / 5600 75 / 6200
Вртежен момент [Nm/min] 115 / 4000 95 / 3000
Менувач 5 степени, мануелен 5 степени, мануелен
Димензии и тежини
Должина [mm] 4021 3992
Ширина [mm] 1746 1732
Висина [mm] 1481 1467
Меѓуоскино растојание [mm] 2510 2455
Круг на вртење [m] 10,5 10,4
Багажник [L] 285 / 1120 330 / 1150
Празно возило [kg] 1163 1055
Носивост [kg] 442 455
Приколка со сопирачки [kg] 700 800
Гуми 185/70R14 175/70R14
Перформанси
Забрзување 0-100 km/h [s] 16,0 14,7
Крајна брзина [km/h] 162 172
Потрошувачка: Град [l/100 km] 6,7 5,8
Потрошувачка: Пат [l/100 km] 4,6 4,2
Потрошувачка: Просек [l/100 km] 5,4 4,8
Емисија на СО2 [g/km] 126 (Euro 6) 108 (Euro 6)
Резервоар за гориво [L] 45 45
Сериска опременост и цени на дополнителна опрема (во евра)
Марка и модел Opel Corsa 1.2 Enjoy Skoda Fabia 1.0 MPI Ambition
Комфорна опрема
Возачко седиште, висинско местење Да Да
Клима уред 802 Да
Централна брава со далечинска команда Да Да
Ретровизори, електрично местење / Греење Да / 60 Да / Да
Прозорци, електрично ракување Да Да
Стартување на копче 190
Фиоки под седишта Да
Кожа на волан 110 195
Патосници 40 40
Сончев покрив 652 620
Радио и инфо    
Патен компјутер Да Да
Радио 351 Да
Приклучок USB Да
Безбедност
Диодни дневни светла 100 195
Магленки 120 Да
Воздушни перници за возач и совозач / странични + завеси Да Да / 265 + 205
Самостојно запирање при опасност од судир 502 (пакет) 255
Темпомат Да 130
Паркинг сензори назад 191 240
Резервно тркало, нормално 90 Да
Стил
Алу-бандажи 15” 301 700
Металик лак 351 235
Автоматски светла 80 15

Like it? Share with your friends!

132
95 shares, 132 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730