за

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја
Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Skoda Eniaq веќе се тестира со слабо маскирана каросерија по јавни патишта и може да се насети основата на изгледот на електричниот СУВ-модел на Чесите, еден од десетте модели на струја до 2022 година.

Платформата MEB што ја користи Volkswagen ID.3, првиот модел од Волфсбург што ќе биде достапен само како електричен автомобил, служи како основа и за Skoda Eniaq. Идниот СУВ-модел на Чесите веќе го достигна завршниот стадиум од тестирањето на прототипите и се појавува во обичен сообраќај само со слабо маскирана каросерија.

Првите фотографии од „карпараците“ (од кар и папараци) откриваат дека каросеријата мошне верно ја следи силуетата на купе од концептниот автомобил Skoda Vision iV. Внатрешноста исто така ќе ја следи вообичаената шема на електричните автомобили, со голем средишен дисплеј. Кокпитот ќе биде сличен со оној во комбилимузинскиот ID.3, но со неколку измени во стилот на Skoda.

Конкретни детали околу погонската техника уште отсуствуваат, но се очекува дека Skoda Eniaq ќе има погон на сите тркала, со по еден електромотор на предната и задната оска

Во стилот на останатите модели од нова генерација, името на моделот ќе биде напишано со големи и одвоени букви на задниот капак, исто како кај Scala & Co. За изборот на името, Skoda веќе појасни дека истото е инспирирано од ирското име Ениа, коешто значи основа или принцип.

skoda vision iv salon zeneva

Името на следните електрични модели на Skoda исто така ќе почнува со „е“, додека во случајот на Eniaq, последната буква во името е во „шема“ со СУВ-моделите Kodiaq, Karoq и Kamiq.

Eniaq означува почеток на новото поглавје на чешката марка. Skoda планира до крајот на 2022 година да има 10 модели со електричен погон, во подмарката iV. Продажните очекувања се автомобилите на струја да достигнат удел од 25 проценти до средината на оваа декада. Влогот во електромобилноста на Skoda изнесува две милијарди евра.

Првиот електричен СУВ на Skoda се вика Enyaq

Skoda Enyaq електричен СУВ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo_V60_Inscription

Во Шведска возат на струја 23% од новите автомобили во април

Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила

Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила