за

Електричниот СУВ на Škoda треба само уште да ја симне маската

Skoda Enyaq iV не е прв електричен модел на чешката марка, затоа што градското мини Citigo ја има таа чест, но затоа е првиот модел што е развиен само за електричен погон. Станува збор за историски важен чекор и за марката и подеднакво за концернот Volkswagen. Пред скорешното „симнување на маската“, неколку детали околу Enyaq.

Škoda Enyaq iV означува пионерски чекор напред во стратегијата на Škoda. Првиот модел базиран на MEB модуларната платформа за електрични автомобили на Volkswagen Group, комбинира типични доблести како што се изобилство простор и емотивен дизајн, со забавно, но сепак еколошко возење. Постои избор на три големини на батерија и пет варијанти на моќност.

Шефот на Škoda, Бернард Маер, изјави: „Enyaq iV го означува почетокот на новата ера за Škoda, тој е фигура на нашата кампања за Е-мобилност. Со тоа, ние го внесуваме Simply Clever елементот во електро-мобилноста благодарение на големиот досег и краткото време потребно за полнење. Во исто време, Enyaq iV ги носи на ново ниво типичните доблести на Škoda, како што се супериорниот простор во внатрешноста, модерниот дизајн и максималната функционалност. Нашиот прв електричен модел базиран на модуларната платформа за електрични автомобили на Volkswagen Group ќе биде направен во нашата главна фабрика во Млада Болеслав, во срцето на Škoda“.

Досег до 500 километри со едно полнење на батеријата

Новиот Enyaq iV е типичен модел на Škoda, но со потполно нов погонски концепт. Првиот потполно електричен модел на чешки производител, базиран на платформата за модуларен електричен автомобил MEB, која исто така е идеално прилагодена за голем досег со кој се поминуваат до 500 км со едно полнење на батеријата. Поради концептот на возилото, дизајнерите беа во можност да го уредат ентериерот на Škoda Enyaq iV на еден сосема нов начин. Ова резултира со уште поголем простор за патниците и нивниот багаж и покрај компактните димензии на автомобилот, додека исто така претставува модерен и емоционален целокупен дизајн. Покрај тоа, Enyaq iV нуди најсовремена поврзаност, како и решенија за инфозабава карактеристични за Škoda и Simply Clever.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Првиот електрифициран SUV на чешкиот производител на автомобили е долг 4.648 mm, широк 1.877 mm и има висина од 1.618 mm. Растојанието меѓу оските изнесува 2.765 мм, а капацитетот на багажникот е 585 литри. Нискиот праг за товарење на багажниот простор овозможува товарење без напор, дури и на тешки или гломазни работи.

Škoda Enyaq iV ќе биде првото возило базирано на MEB платформата што ја активира производствената линија надвор од Германија. Поставен е да биде направен во главната фабрика на Škoda во Млада Болеслав, со споделување на производната линија со модели што се засноваат на платформата MQB.

Светската премиера на возилото ќе се одржи наскоро, додека сериското производство на Škoda Enyaq iV ќе започне кон крајот на 2020 година. Првите модели ќе бидат дел од линијата „Founders Edition“, опремени со специјални детали и различен изглед. Оваа линија ќе биде ограничена на 1.895 единици, во знак на одбележување на основањето на компанијата пред 125 години.

На брз полнач се постигнува наполнетост од 80% за само 40 минути

Škoda Enyaq iV може да се полни на три различни начина. Покрај конвенционалниот приклучок за домаќинство од 230 волти, со наизменична струја од 2,3 kW, возилото може, исто така, лесно да се полни во текот на ноќта дома со помош на „wall box“ кој испорачува до 11 kW. Полнењето на овој начин трае шест до осум часа во зависност од големината на батеријата. DC станици за брзо полнење со моќност од 125 kW се третата опција. Овие можат да ја наполнат батеријата на Enyaq iV од 10% до 80% за само 40 минути.

Електрифицираните возила од семејството Škoda iV се совршен спој на практичност, емотивен дизајн и одлично забавно возење. Згора на сè, тие се пријатни, тивки и еколошки одржливи, додека исто така може да се пофалат со особено динамично доставување на електрична енергија. Вртежниот момент на електричен мотор е достапен веднаш, што значи дека автомобилите можат да забрзуваат постојано и доследно, без да бараат никакви промени во менувачот. Најсовремена поврзаност со широко вмрежување на возила и напредни системи за помош на возачот се исто така дел од она што Škoda iV има да понуди, покрај одличната вредност за парите, претставува и уште попространа внатрешност која пренесува комплетно нов дизајн.

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Daimler ќе продава водородни генератори на струја

Daimler ќе продава водородни генератори на струја

mercedes amg project one

Нов шеф во AMG, стариот во Aston Martin