128
18 shares, 128 points

Skoda уште годинава ќе го претстави својот втор електричен автомобил. СУВ-моделот ќе ја носи ознаката Enyaq и ќе биде прв модел на Чесите изработен врз платформата од VW ID.3.

Skoda Enyaq е името на првиот електричен СУВ на Skoda. Тоа ќе биде прв модел на чешката марка што ќе биде конструиран врз MEB, напредната платформа за електричен погон од Volkswagen ID.3. Со електричниот СУВ се воведува и ново означување што ќе го следат автомбоилите на Skoda со погон на струја. Буквата Е на почетокот на името ќе укажува на електричниот погон, додека во случајот на СУВ-моделот, на крајот на името ќе е наоѓа буквата Q, согласно номенклатурата што се користи кај Karoq, Kamiq, Kodiaq. Најпријатното изненадување е во тоа што моделот ќе биде претставен уште во текот на 2020 година.

Името доаѓа од ирскиот збор „enya“, којшто означува „извор на животот“. Самиот збор, пак, изведен е стариот ирски „Eithne, со когошто се означува нешто есенцијално, духовно, принцип. Според тоа и името на новиот СУВ-модел на Skoda ќе може да се толкува на повеќе начини.

Доколку се толкува смислата на „изворот на животот“, со Enyaq се означува влезот на Skoda во новата ера на електромобилноста. Тоа е воедно во согласност и со мотото на чешката марка, коешто гласи „Driven by inventiveness – clever ideas since 1895“. За изборот на името, од Млада Болеслав понатаму наведуваат дека тоа е автентично, карактеристично и темпераментно, лесно се изговара, останува во сеќавање и совршено одговара за почетокот на новата ера во 125-годишната историја на компанијата.

До 2022 година Skoda ќе претстави десет електрични и плагин-хибридни модели

Skoda Enyaq е прв сериски модел на чешката марка што ќе биде изработен врз модуларната платформа за електричен погон на концернот Volkswagen. До крајот на 2022 година, во рамките на подмарката Skoda iV ќе бидат претставени повеќе од десет модели со електричен или хибриден погон. Планот е една четвртина од продажбата на марката до 2025 година да отпаѓа на модели со погон на струја или со плагин-хибриден погон. До 2021 година ќе се инвестираат вкупно две милијарди евра во развој на овие модели, но во исто време и за воспоставување на модерен екосистем.

Skoda одговара на најчестите прашања околу електричниот погон


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
18 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *