На салонот во Женева во март ќе биде претставен малечок кросовер на Skoda, како близнак на Volkswagen T-Cross и Seat Arona. Од првата фабричка слика само се наѕира интересен дизајн. Секако дека Чесите нема да пропуштат да остават свој печат и во практичноста.
Пристига третиот теренски модел на Skoda, покрај Kodiaq и Karoq. Чесите најавија светска премиера за својот намалечок кросовер на салонот во Женева, кој се одржува меѓу 5-ти и 17-ти март. Фабриката уште не го открива целосниот изглед на моделот и до премиерата на швајцарскиот салон останува само затемнета слика, на којашто се гледаат само контурите, но има и еден вреден детал.
На првата фабричка слика се забележуваат мошне тенките дневни светла, кои се сочинети од четири диодни светилки и продолжуваат директно од рабовите на големата маска. Долу се издвоени главните светла, кои исто така се впечатливо мали. Како опција ќе стојат на располагање динамични трепкачи интегрирани во светлата, по пример на Audi.
Малечкиот кросовер на Skoda ќе го спојува најдоброто од светот на кросоверите и СУВ-моделите; Се шпекулира околу името, за Kibuq или Kosmiq
Според Skoda, новиот модел ќе спојува два света, односно ќе комбинира седење на високо, подобра прегледност, полесно влегување и излегување, и зголемено растојание од подлогата, како предности на СУВ, заедно со динамика и управливост на компактен автомобил. Чешкиот производител верува дека новиот урбан кросовер на Skoda ќе биде совршен автомобил за в град и за пат.
Платформата е MQB, што значи дека може да се очекува релативно просторна кабина во однос на димензиите на каросеријата, но и напредни системи за асистенција. Урбаниот кросовер практично е чешка верзија на Seat Arona и VW T-Cross, со техниката од Polo. Должината на каросеријата ќе се движи околу 4,1 метри, додека висината би била 1,55 метар.
Од моторите може да се очекува 1.0 TSI со „трицилиндарски“ 95 КС како основен модел, и негова варијанта со 115 КС. Единствен дизел е 1.6 TDI со 95 КС и со комплицирана техника на пречистување, со SCR-катализатор и Адблу, што соодветно ќе се рефлектира и во неговата цена. Прашање е дали Skoda подоцна ќе започне со вградување на 1,5-литарскиот TSI со 150 КС, како топ-мотор, по пример на T-Cross.
Кој вели Skoda е (само) чешка марка?
Ауто Билд ги прогласи Skoda Fabia, Karoq и Kodiaq за најдобри увозни автомобили за 2018
Skoda Kodiaq L&K по цена од 50.000 евра: Добар ден Audi!