за

Skoda ја обнови апликацијата за далечинска врска со возилото

Skoda ја обнови апликацијата за далечинска врска со возилото
Skoda ја обнови апликацијата за далечинска врска со возилото

Обновената мобилна апликација Skoda Connect е полесна за користење и дозволува безжична врска меѓу телефонот и возилото со еднократно пријавување.

Чешкиот производител во обновената апликација Skoda Connect ги додаде функциите на Skoda OneApp. Покрај тоа, има и нови функции, а се поедноставува и далечинскиот пристап, како и директната комуникација со возилото. Уште една голема предност е тоа што не постои разлика меѓу начинот на користење на апликацијата на паметен телефон и на дисплејот на инфо-забавниот систем во возилото.

Корисниците досега можеа да добиваат информации од возилото преку две различни апликации. Со помош на Skoda Connect, преку онлајн-врска оддалеку се отклучуваат или заклучуваат вратите, а може и да се прикаже местоположбата на возилото во моментот. Трепкачите и сирената исто така може да се активираат од кое било место, преку апликацијата. Тоа е корисно, на пример, за возилото да се најде полесно на големо паркиралиште. Уште една можност е договарањето датум и време за сервисирање. Единствено беше потребно да се активираат услугите на Skoda Connect.

За користење на Skoda OneApp беа потребни технологија SmartLink+ во возилото и директна врска со телефонот. Пристапот до податоците од возилото се постигнуваше преку MirrorLink или Apple CarPlay. Овие податоци понатаму можеше во реално време да се прикажуваат на дисплејот во возилото, со различни дизајни. Двете апликации на сличен начин овозможуваа пристап до моментните податоци од возењето, исто како и нивно снимање.

Новата верзија на Skoda Connect сега ги соединува фунциите на двете апликации. Доволно е телефонот или часовникот само еднаш да се регистрира со возилото. На тој начин се поедноставува користењето на дигиталните услуги.

За можностите на Skoda Connect може да се посети наменската страница на Порше Македонија

>>> https://www.skoda.com.mk/skoda-connect/skoda-connect-paketi

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Илон Маск заработи 775 милиони американски долари

Илон Маск со заработка од 775 милиони американски долари

Во Обединетото Кралство во април произведени само 197 автомобили

Во Обединетото Кралство во април произведени само 197 автомобили