за

Франкфурт 2019: Skoda Citigo на струја со субвенции за 16.570 евра

Skoda Citigo iV Frankfurt
Skoda Citigo iV Frankfurt

Skoda на салонот во Франкфурт во претставува својот прв електричен автомобил. За германските возачки и возачи, Citigo iV е достапен и преку лизинг, по месечна рата од 145 евра. Договорот дозволува најмногу 10.000 километри годишно, откако договорот ќе истече по три години, тој може да се обнови со друго возило или може возилото да се откупи по цената што ќе ја процени дилерот на Skoda. Обично се избира првата опција.

Редовната продажна цена на електричната Skoda изнесува 20.950 евра, но со субвенцијата во висина од 4.000 евра, цената по новото даночење се спушта на 16.570 евра.

Батеријата од 36,8 киловатчасови овозможвау досег до 260 километри. Електромоторот постигнува моќност од 61 kW, односно 83 КС и вртежен момент од 212 Nm. Забрзувањето до темпо сто трае 12,3 секунди, а крајната брзина е ограничена на 130 km/h.

При користење на брз почнач со еднонасочна струја и 40 kW, полнењето преку CCS (Combined Charging System) до 80% трае околу еден час. На обичен ѕиден полнач на струја со 7,2 kW, истиот степен на наполнетост се постигнува по 4:15 часови, додека со вградениот полнач во самото возило и со користење на обичен приклучок за струја со 2,3 kW, постапката трае 12:45 часови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes premieri frankfurt

Франкфурт 2019: Mercedes порачува, луксузот мора да е одржлив