за

Skoda Citigo-e прв вози на струја за чешката марка на Volkswagen

Skoda Citigo-e iV
Skoda Citigo-e iV

Првиот електричен автомобил на Skoda e најмалиот модел во тековната понуда. Citigo-e поседува електромотор од 83 КС и со полна батерија реално минува до 265 километри. Сериското производство започнува во втората половина од годинава. Неофицијално се спомнува цена до 20.000 евра, не вклучувајќи ги субвенциите во повеќето европски држави.

Првиот автомобил со погон на струја на Skoda има позната и симпатична појава. По пример на Volkswagen Up и електричниот e-Up, неговиот чешки близнак Citigo станува Citigo-e iV. Електромоторот постигнува 83 КС и вртежен момент од 210 њутнметри, кои вообичаено за овој вид на погон стојат на располагање уште при поаѓањето.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Исто така е вообичаен и темпераментот во возење. Забрзувањето од 60 до 100 km/h трае само 7,6 секунди, додека за класичниот старт од место се потребни 12,5 секунди. Крајната брзина е ограничена на 130 km/h.

Литиум-јон батеријата од 36,8 киловатчасови е вградена во подот и има габарити од 1,1 на 1,7 метри, а најголемата дебелина изнесува 30 сантиметри. Вкупно 168 ќелии дозволуваат досег до 265 километри, според новиот циклус.

Ѕиден полнач за четири часови обдезбедува доволно енергија за следните 265 километри

При користење на брз полнач од 40 kW, наполнетост од 80% се постигнува за еден час. Со ѕиден почнач од 7,2 kW, батеријата се полни до 80% за 4:08 часови, односно за 12:37 часови, доколку се користи обичен полнач од 2,3 kW. Каблите и CCS-системот се стандард во повисокото ниво на опрема Style, односно се достапни со доплата кај нивото Ambition.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најпрепознатлив белег на електричниот Citigo е затворената маска, а се разликува и предниот браник. Таблата со инструменти е различна од стандардните модели, а нивото на опрема е повеќе од пристојно, со автоматска клима, радио Swing II и напредни можности за интегрирање со паметен телефон. Преку апликација може оддалеку да се провери наполнетоста на батеријата или да се вклучи разладувањето на кабината.

Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја

Opel Corsa стартува со електричната изведба, дизели и бензинци малку подоцна

Со електричен автомобил најдобро одговара „соларна“ гаража

Електричниот Jaguar I-Pace со три победи за светски „мотор“ на годината

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo_V90_taksi_germanija

Volvo V90 е такси на годината во Германија

audi tt quantumgrau edition prodazba online

Audi TT во специјална серија достапен само преку интернет