за

Прашај ја Skoda колку е полн резервоарот

skoda connect alexa

Skoda сака да комуницира директно со возачите. Пакетот за конективност Care Connect отсега овозможува и говорно командување Amazon Alexa, со компатибилност за паметен дом. Преведено „на кирилица“, тоа значи дека сопственикот може од која било локација да повикува информации од возилото. Alexa дава информации за извозените километри, за преостанатиот досег и други услуги на Skoda Connect. Новата функција засега е достапна само во Велика Британија и Германија. По завршувањето на пилот фазата, говорното командување ќе биде достапно и во други земји.

Може да замислите сценарио за прашањето: „Skoda, каде си паркирана?“

Говорните команди се вклучуваат едноставно. Корисниците на Amazon, кои поседуваат звучник Echo или имаат Alexa на својот мобилен, потребно е да ја симнат Alexa Skoda Connect Skill и да ја поврзат со својот профил на Skoda Connect. Кога автомобилот ќе се поврзе на мрежата, возачот може од која било оддалеченост да дознае дали се затворени прозорците и заклучени вратите, кога е следниот сервис, за уште колку километри има гориво во резервоарот и многу друго. Командите се едноставни: „Дали автомобилот е заклучен… колку е просечната потрошувачка на последното возење … каде е паркирано возилото?“

Пакетот за конективност Skoda Connect е стандардна опрема во сите моделски серии, освен во Citigo, но останува привилегија само за поголемите пазари. Корисниците имаат можност, на пример, поставената рута до некое одредиште да ја префрлат од својот десктоп во возилото. За некои од услугите е потребно да се плати претплата по одреден гратис-период или истите се достапни само на одредени пазари и само во комбинација со ставки од дополнителната опрема. Дигитализацијата и конективноста се дел од стратегијата 2025 на Skoda.

Kodiaq, Karoq, Kamiq: Третиот СУВ на Skoda е за Кина

Skoda планира да отвори уште една фабрика

Вака изгледаа теренците на Skoda пред 70 години

Кина останува најголем пазар за Skoda

Skoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford raptor nirburgring

Тркачки камионет во пакосно лизгање по Нирбургринг

roland gumpert rg nathalie

Ауто Билд за германскиот автомобил на метанол во Пекинг