за

Škoda стартуваше со производство на Octavia Scout

skoda octavia scout

Моделите allroad quattro на Audi добиваат конкуренција од сопствените редови. Чешката марка денес стартуваше со производство на Octavia Scout во фабриката во Млада Болеслава.

Во Skoda не мируваат, штотуку е претставена новата генерација на Fabia, а веќе доаѓа на ред следниот новитет од Чесите – одбележан е почетокот на производството на Octavia Scout. Оваа сорта на „разумни кросовери“ освојува сé повеќе симпатии со предностите што ги нуди наспроти класичните спортски теренци, или подобро, „квази“ спортски теренци. Верзиите Scout поседуваат зголемено растојание од подлогата, погон на сите тркала во случајот на Octavia, заштита на каросеријата и на подвозјето при излети по теренот, и во целина се одликуваат со поубедлива индивудална црта од стандардните „нескаут“ изведби на моделот. Затоа, пак, остануваат предностите во динамиката во возење, во штедливоста и општо во секојдневието, наспроти класичните спортски теренци – кои инаку најчесто ја користат истата основа. Секако, не смее да се превиди и цената, којашто е попристапна во споредба со СУВ-браќата. Продажбата на поголемите пазари во Европа стартува веќе во септември.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магазинот auto motor und sport со информации за Golf VIII

AstaZero: Во овој тест центар созреваат безбедносните системи на Volvo