за

Skoda подготвува електричен модел за салонот во Шангај

Електричниот погон станува реалност во чешката марка веќе за три години. Skoda развива модел со погон на батерии, со дизајн што ќе потсеќа на теренецот Kodiaq. Концептот што треба да се појави на салонот во Кина во април е потврда за овие планови.

Во Skoda се работи под полна пареа на развојот на првиот автомобил со електричен погон на чешката марка. Концептниот автомобил што ги потврдува овие планови ќе биде претставен веќе во следниот месец, на салонот во Шангај. Покрај тоа што ќе располага со напредна технологија, од Skoda најавуваат дека идниот спортски теренец ќе побудува и повеќе емоции во споредба со актуелните електро-модели од концернот Volkswagen. За тоа ќе се погрижи дизајн во стилот на актуелниот Kodiaq и подвозје оптимирано за динамични возни својства.

Модуларната платформа за модели со електричен погон MEB ќе послужи како основа за идниот теренец, чијашто пазарна премиера е планирана за 2020 година. Една година претходно, во понудата на Skoda ќе се приклучи и првиот модел со плагин-хибриден погон, веројатно во гамата на знаменосецот Superb.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизајнот и се позлати на новата серија 5 на BMW

Opel Astra е автомобил на годината во Јужна Африка