за

Škoda на рекорден курс: Милион возила веќе во ноември

skoda superb

Škoda ја надмина бројката од милион возила уште во средината на ноември. Тоа е нов рекорд за чешката марка, која веќе трета година завршува со милионска продукција. Не е мал уделот на знаменосецот Superb. До октомври се произведени над 110.000 примероци од братот на Passat.

Еден месец порано отколку лани, Škoda достигна продукција од еден милион возила. Тоа е нов рекорд за чешката марка, којашто веќе трета година е во клубот на автомобилските милионери. Повеќе од една десетина од продукцијата до ноември отпаѓа на знаменосецот Superb, со над 115.000 примероци. Во споредба со истиот период лани, тоа претставува раст во продажбата од 85,2% за големата лимузина на Чесите. За в година се очекува уште поголем продажен импулс со стартот на Kodiaq во февруари, како и на освежената генерацијa на Octavia.

Растечки тренд има и во моделските семејства на Škoda Fabia (+6,7%) и на Škoda Rapid (+7,0%). Бестселер на марката и натаму е Octavia, со 361.700 возила до октомври. Во исто време со проширувањето на моделската понуда и електрификацијата на погонската спрега, чешката марка на Volkswagen работи и на развој на новите деловни полиња во дигитализацијата и конективноста.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BAC Mono со титула на најбрз автомобил тестиран од британскиот Evo

Препораки од РСБСП за зимска подготовка на возилото