за

Skoda воведува трета смена за новата Fabia

Чесите ја зголемуваат дневната продукција на новите Fabia и Fabia Combi од 800 на 1.200 возила. За работа во третата смена дополнително се ангажираат 800 работници.

Новите модели на Skoda се продаваат одлично. Лани чешката марка за првпат продаде преку еден милион возила. Соодветно мора да реагира и производството. Во матичната фабрика на Skoda во Млада Болеслава од денес се зголемува производствениот капацитет за новата генерација на Fabia/Fabia Combi и на Rapid Spaceback на 1.200 примероци дневно. Тоа се 400 возила повеќе отколку досега. Во производството се воведува трета смена, во којашто ќе работат 800 нови работници.

Во Млада Болеслава се произведува во две линии. Fabia, Fabia Combi и Rapid Spaceback на едната линија и Octavia, Octavia Combi и Rapid на втората линија. Производствениот капацитет и на втората линија изнесува 1.200 возила дневно. Фабриката неодамна беше проширена и беа обновени повеќе сектори, вклучувајќи ја и лакирницата. Од 1991 година, Skoda има инвестирено преку 10 милијарди евра само во Чешка. Марката произведува на домашен терен уште во Квасини и Врхлаби.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai двојно го поевтине водородниот автомобил – на 67.000 евра

Ferrari 488 GTB: Турбо под законска присила