158
21 shares, 158 points

Кога Škoda Fabia R5 ќе се појави на стартната линија на релито Монте Карло на 19-ти јануари, ќе бидат поминати точно 40 години откако чешката марка победи на славното рели. Во таа чест, фабричкиот тим ќе вози со истите сини и црвени ленти како победничкиот автомобил од 1977 година.

Вацлав Блахна и Љубислав Хлавка тогаш победија во класата до 1.300 сантиметри кубни со Škoda 130 RS. Тоа секако е еден од најзначајните моменти во 116-годишната историја на Škoda во мотоспортот, исто како и освојувањето на последниот шампионат во рели.

За тимот на Škoda годинава повторно ќе возат Копецки и Тидеманд. Освен во светското рели, Копецки вози и во чешкиот шампионат во рели, кадешто во последните две години постигна десет победи во десет трки.

Со титула на светски шампион во рели, три континентални титули и десет национални титули со Fabia R5, Škoda лани имаше една од своите најуспешни години во релито.

Календар на светското првенство во рели за 2017 година (WRC 2)

  • Рели Монте Карло 19.01.–22.01.2017
  • Рели Шведска 09.02.–12.02.2017
  • Рели Мексико 09.03.–12.03.2017
  • Рели Франција 06.04.–09.04.2017
  • Рели Аргентина 27.04.–30.04.2017
  • Рели Португалија 18.05.–21.05.2017
  • Рели Италија 08.06.–11.06.2017
  • Рели Полска 29.06.–02.07.2017
  • Рели Финска 27.07.–30.07.2017
  • Рели Германија 17.08.–20.08.2017
  • Рели Шпанија 05.10.–08.10.2017
  • Рели Велика Британија 26.10.–29.10.2017
  • Рели Австралија 16.11.–19.11.2017

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743