Skoda беше задолжена за превозот на ѕвездите на Европските филмски награди. За одбележување на својата 120-годишнина, чешката марка обезбеди и неколку историски возила, вклучувајќи автобус од 1960-те.
Синоќа во Берлин се доделуваа Европските филмски награди, а филмофилите сигурно го забележаа и присуството на автомобилите од марката Skoda на овој важен настан за европскиот филм. Чешката марка обезбеди возен парк од дури 35 возила за превоз на филмските ѕвезди, вклучувајќи го и олдтајмерот Skoda Superb од 1935 година, и секако, автобусот од 1962 година, кој му даде посебна ретро-нота на настанот.

Што се однесува до кинематографската страна, од шесте филмови што се пласираа во финалето, жирито на Европската филмска академија се реши за драмата „Youth“. Неизвесноста за гостите и особено за номинираните во 20-те категории на Европските филмски награди траеше до самата завршница. Уште во предвечерието беа познати носителите на почесните награди: Кристоф Валц, Шарлот Ремплинг и Сер Мајкл Кејн. Последните два актери ја добија и наградата за најдобра европска актерка, односно актер.
Skoda се погрижи гостите да пристигнат со стил до црвениот тепих пред домот на берлинскиот фестивал. Во чест на одбележувањето на 120-годишнината на чешката марка, дел од гостите добија и специјално патување низ времето, со оригинален олдтајмер автобус на Skoda од 1962 година. Ѕвездите од филмовите „Victoria“, „Summer Downstairs“ и „Rams“ пристигнаа на вечерта во овој уникатен ретро-стил.
0 Comments