139
23 shares, 139 points

Автомобилски суперѕвезди го одбележаа завршетокот на годинешнава сезона за аукциската куќа Силвестоун. Меѓу вредните автомобили се најдоа Rolls-Royce од 1984 година на Френк Синатра и Willys Jeep од 1945 година на Стив Меквин

Автомобили поседувани од најголемите светски ѕвезди добија нови сопственици за време на одржувањето на салонот на олдтајмери во англискиот Ланкастер во минатиов викенд. Меѓу историски важните олтајмери се најдоа Rolls-Royce Corniche Convertible од 1984 година во прва сопственост на Френк Синатра, Willys Keep MB од 1945 година на Стив Меквин и неколку автомобили од колекцијата на Џеј Кеј. За два дена се продадоа автомобили вредни вкупно 4,2 милиони фунти. Две третини од понудените 126 автомобили добија нов сопственик.

Синатра го добил Ролсот како подарок од неговите колеги од лас-вегасовскиот „Rat Pack“

Френк Синатра го добил Rolls-Royce Corniche Convertible од 1984 година како подарок од Семи Дејвис Џуниор и Дин Мартин за својот 70-ти роденден. Црниот кабриолет со црвен ентериер има изминато само 66.550 милји и неодамна добил освежување со нови делови и неколку реставраторски зафати вредни 47.000 фунти. По долго наддавање, Corniche бил продаден за 140.625 фунти или за 15.000 фунти над проценетата вредност.

Steve McQueen's 1945 Willys Jeep MB

Друг автомобилски класик со холивудски корени на наддавањето беше Willys Jeep MB од 1945 година, којшто бил продаден во 1980 година, по починувањето на американскиот актер и тркач. По пристигањето во Англија, возилото добило комплетен третман од специјалистот Jeeparts-UK. По жестоко наддавање, вклучувајќи четири понудувачи преку телефон, џипот на „King of Cool“, новиот сопственик плати 84.375 фунти.

Jay Kay's 1989 BMW E30 M3 Johnny Cecotto Ltd Edition

Од колекцијата на Џеј Кеј, фронтмен на Џамиројквај, на наддавањето се појави еден од 505-те примероци од BMW E30 M3 Johnny Cecotto Ltd Editions од 1989 година (со 18.000 милји, продаден за £85,500), Mercedes-Benz 300SL од 1989 година, со ретка каросериска боја (продаден за £28,688), Porsche 911 (991) Targa 4S од 2015 година (продаден за £79,875), Ford Mustang 390GT Fastback ‘Bullitt’ од 1967 година (£54,000) и BMW 850 CSi Manual од 1996 година, со само 12.777 милји, кој се продаде за £85,500.

1958 Volkswagen Beetle

Мајк Бруер и Ант Анстед, од „Wheeler Dealers“, понудија врвно реставриран VW Beetle од 1958 година. Сумата од 33.750 фунти ќе биде префрлена во Фондот за истражување на тумор на мозок во Бирмингем.

Меѓу останатите впечатливи автомобили на наддавањето беа Aston Martin DB6 Sports Saloon од 1966 година (£214,313), Maserati 3500GT од 1960 година, лакиран во сива и црвена боја, (£145,000) и Facel Vega HK500 од 1960 година, со само 35.000 милји (£121,000).

Следната сезона наддавања започнува на 12-ти јануари 2019, на салонот НЕЦ во Бирмингем.

Во контекст со Ролсот, снимка на легендарните „Rat Pack“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
23 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743