за

Рано е за 1-ви Април: Shell продава универзално моторно масло

shell top up univerzalno maslo

Shell го пушти во продажба првото моторно масло што одговара за сите. Shell Helix Top Up се користи и за бензинци и за дизели, и наменето е за возачи кои не знаат точно какво масло одговара за моторот во нивниот автомобил кога ќе се вклучи контролната светилка.

Црвено шише на Shell со натпис Helix Top Up отсега е најдобриот избор кога ќе светне предупредувачката светилка за прениско ниво на моторно масло, а возачот не знае точно какво масло користи моторот во неговиот автомобил. Универзалното моторно масло за дотурање одговара за бензински и дизел мотори, замислено како брзо и едноставно решение, во случај кога треба итно да се реагира и да се дополни нивото на масло во моторот.

Маслото веќе е дистрибуирано на станиците за точење гориво на Shell во Германија, а во тек е снабдување и на останатите станици низ земјата. Увозникот за Македонија уште нема објавено информација за достапноста на новото масло на нашиот пазар.

Shell го разви универзалното масло само за дотурање при итен случај, за поголеми количини сепак е најдобро да се користи конкретното препорачано моторно масло

Во моментот кога ќе светне предупредувачката светилка, возачите честопати не знаат кое масло одговара за моторот во нивното возило. Но, дури и во случај кога видот на моторното масло е наведен во сервисната книшка или на моторот е закачена сервисна етикета со јасни информации околу маслото, проблем ќе биде тоа што моторното масло можеби не е достапно на станицата за гориво.

Идејата на Shell е нивното масло да се најде како најдобро решение во моментот. Shell Helix Top Up е развиено во технолошкио центар во Хамбург, врз основа на технологијата PurePlus. Маслото е мошне чисто, со висок квалитет и без проблеми се меша со сите постоечки видови моторно масло. Производителот сепак препорачува да се долее најмногу еден литар од универзалното масло. За поголема количина од тоа е подобро да се изврши целосна промена на моторното масло во сервисна работилница, со видот на масло што одговара најдобро за моторот.

Го проверувате нивото на моторно масло зиме?

На ова треба да се внимава при изборот на моторното масло

Можете да ги препознаете овие делови?

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW serija 2 gran coupe

По купе-лимузината Mercedes CLA доаѓа и BMW 2 Gran Coupe

Porsche Cayenne Coupe

Porsche Cayenne Coupé блиску до формата од којашто сé започна