за

Shell ќе отвора 10.000 нови станици за гориво до 2025 година

shell 10000 novi stanici

Shell планира да изгради преку 10.000 нови станици за гориво до 2025 година. Половината од новоотворените станици ќе располагаат со продавница. Со ова проширување на мрежата, нафтениот гигант очекува дополнителна заработка од најмалку 1,5 милијарда долари на годишно ниво.

Компанијата има големи очекувања од огранокот што е задолжен за бизнисот со станиците за точење гориво и продавниците. Преку зголемувањето на бројот на локации што го носат логото на Shell, британско-холандската нафтена компанија (целосното име е Royal Dutch Shell) сака да ја искористи репутацијата на брендот.

Мрежата на Shell моментно се состои од 44.000 станици за гориво. Половината од новите станици ќе се отворат на растечките пазари, односно во Кина, Мексико, Индија, Индонезија и Русија. Бизнисот со станиците за гориво и продавниците лани остварил заработка од 2,2 милијарди долари. Паралелно се планира и проширување на понудата од дигитални услуги, како и услуги за мобилност.

Shell се придружува во поставувањето полначи за електрични возила

Shell има замисла за градски автомобил на иднината

Shell развива штедлив градски автомобил

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes LAK 329, камиони олдтајмери

Камионите се подобри олдтајмери

geely zarabotka 17

Кинеските газди на Volvo оствариле заработка од 12 милијарди евра