за

Shell се придружува во поставувањето полначи за електрични возила

shell полначи за електрични возила

Shell станува дел од европската мрежа полначи за електрични возила Ionity, којашто ја основаа неколку автомобилски компании. Мрежата стартува со брзи полначи во десет европски држави, полнењето на батериите ќе трае само десетина минути.

Втората најголема компанија во нафтениот бизнис, британско-холандскиот Shell, се приклучува во мрежата од полначи за електрични возила Ionity. Четири производители на автомобили се здружени во поставувањето на станици за брзо полнење на територијата на Европа: Daimler, Ford, Volkswagen и BMW.

Пристапувањето на Shell не треба да изненадува, ако се има предвид дека нафтениот гигант во минатиот месец стана сопственик на најголемата европска мрежа од полначи за електрични возила NewMotion. Тоа е подготвителен чекор за преоѓање во ерата на чистиот погон, кога возилата на струја ќе ја преземат пазарната доминација над фосилните горива.

Shell ја става на располагање широката мрежа од станици и довербата кај клиентите, истото важи и за останатите нафтени компании

Веќе од крајот на следната декада се очекува повеќе европски држави да воведат строги ограничувања за возилата со погон на дизел или бензин, коишто ќе водат кон нивно истиснување од сообраќајот. Нафтените компании веќе се подготвуваат за пресвртницата, ставајќи ги на располагање својата широка инфраструктура, атрактивните локации, многубројните услуги и довербата кај клиентите.

Во рамките на мрежата Ionity, компанијата Shell ќе стартува со поставување полначи на 80 најголеми станици на автопатиштата. На секоја станица ќе има брзи полначи за најмалку шест возила. „Брзи“ значи дека полнењето на батериите ќе трае меѓу пет и десет минути, благодарејќи на високата моќност со којашто располагаат полначите на Ionity.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda симулатор возење

Honda има симулатор на возење како никој друг

nevs 9-3 ev старт производство

Кинескиот Saab стартуваше со производство на електричниот 9-3