143
19 shares, 143 points

Компанијата за автобуски превоз Carsud од Нова Каледонија првпат доби автобуси од специјалистот Setra во својот возен парк. Станува збор за 24 нископодни автобуси од типот S 416 LE.

Заедно со двете дузини од овој автобус што е докажан на светската сцена, од концернот Daimler кадешто припаѓа Setra се испорачани и 12 примероци од Sprinter City 35. Градските автобуси и микробусите на база на Sprinter ќе сообраќаат редовно на приградските линии до главниот град Нумеја, на најголемиот остров Гранде Тере.

Нова Каледонија е француска територија во Тихиот Океан, чијашто привреда главно се базира врз туризам, но и експлоатација на никел. Оваа група острови се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Австралија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На приградските линии на компанијата Carsud дневно се превезуваат повеќе од 9.000 патници. Возниот парк на компанијата досега се состоеше од вкупно 50 возила. Новите автобуси од Setra се опремени со УСБ-приклучоци, пристап до безжична мрежа и систем за информирање на патниците.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *