за

СЕМА 2019: Пикапи за авантуристи и носталгичари

Dodge Ram Pickups SEMA 2019
Dodge Ram Pickups SEMA 2019

Сема во Лас Вегас е најважната бина за одмерување на силите на американските тјунери. Dodge и Ram најавија студии на пикапи за авантуристи и носталгичари. Кога во следната недела ќе започне настанот на „производителите на специјална опрема“ (од 5-ти до 18-ти ноември), во саемот во метрополата на игрите на среќа сé ќе се врти околу брзината, моќноста и умешноста да се направи возило што ќе двои во уличната слика.

На големиот собир во следната недела, среде пустината во Невада, нема да се зборува за грижата за животната средина, за погонот на струја или за автопилотираното возење. Кратенката SEMA доаѓа од „Speciality Equipment Market Association“ и звучи сосем безопасно, но во суштина станува збор за еден од најголемите салони за тјунинг во светски рамки. До 1973 година, овој мошне значаен собир уште се водеше под соодветно име „Speed Equipment Manufacturing Association“, меѓутоа во времето по големата нафтена криза стана некоректно да се пропагира брзината, па се смени името.

Меѓу првите производители што ги најавуваат возилата за Sema е италијанско-американскиот Fiat Chrysler, моментно актуелен и поради спојувањето со PSA. Двата пикапи се подготвени од куќниот тјунер Mopar. Во едниот случај се работи за Ram 1500 Rebel OTG (Off The Grid), кој треба да ги одушеви возачите што бараат нова смисла во возењето надвор од асфалтот. Предизвикот кај овој пикап-концепт не е да се совладуваат пречки, туку да се откриваат нови предели.

Американците повторно го откриваат дизелот; Во двата пикапи за Sema работи дизел; Американците уште не ги знаат сите „тајни“ на дизелот

Основата доаѓа од Ram 1500, под чија хауба работи – дизел V6! Резервоарот собира 120 литри, напред има вител за извлекување ако патувањето одненадеж запре. Над товарната платформа се поставени шатор и кревет, заедно со скала. Долу е вградена кујна, вклучувајќи ладилник и резервоар за вода. Напојувањето со струја е преку соларни панели.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сосем спротивна приказна има концептот Mopar Lowliner, како класичен пикап што привлекува внимание. Во САД во последниве годинии се разви тренд, стари пикапи да се опремуваат со современа техника и да им се даде втор живот. Основата е пикап на Dodge од 1968 година. Името е долго колку цел филм: „Candied Delmonico Red and Dairy Cream Mopar Lowliner Concept“. Возилото ќе се најде во самото средиште на штандот на Dodge. За да се нагласи ефектот на „нискојавач“, меѓуоскиното растојание е продолжено, покрај спуштањето на каросеријата колку може подолу.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Предната оска е поместена 7,5 сантиметри понапред. Целиот „нос“ на возилото се преклопува, за пристап до 5,9-литарскиот дизел од Cummings. Необично, но во извесна мера и ретро – менувачот е мануелен, шестстепен.

Пневматската амортизација дозволува да се избира меѓу три висини на подвозјето. Задните крила се извлечени за по дванаесет сантиметри. Напред работат диодни светла, додека во внатрешноста е задржан само оригиналниот волан. Сите останати делови се изведени од ново од креативците на Mopar.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобили инженеринг

Намалени вработувањата за инженери во Германија во авто-браншата

Jaguar и Land Rover со домашни премиери и пробни возења

Jaguar и Land Rover со домашни премиери и пробни возења