за

Секој втор Volkswagen се продава во Кина

volkswagen new lavida

Од вкупната мартовска продажба, 190.000 возила им се испорачани на купувачите во Европа, што претставува раст од 3,4 проценти. Главната заслуга за тоа ја имаат големите европски пазари, а особено Италија (+9,9%), Франција (+8,6%( и Шведска (+11,9%). Наспроти тоа, домашниот пазар назадува, и во март се испорачани 54.400 возила, што е за 0,8% помалку отколку лани во март.

Пазарите во Централна и Источна Европа регистрирале 25.300 нови возила со знакот на Volkswagen. Тоа е зголемување од 14,6 проценти. Само во Русија се продадени 8.600 возила или за речиси една четвртина повеќе возила отколку лани.

Продажбата во САД расте како резултат од стартот на новите СУВ-модели на Volkswagen

Дилерите во Северна Америка пријавиле 50.500 возила (+5,2%). Само во САД, Volkswagen постигнал раст во продажбата од 17,8 проценти, со вкупно 32.500 возила, првенствено поради зголемениот интерес за СУВ-моделите. Една третина од продажбата во САД отпаѓа на новиот Tiguan, со 9.700 примероци во март. Позитивно реагира и Канада, со зголемување од 31,8 проценти.

На јужноамериканскиот пазар се продадени 41.100 возила во март (+6,6%). Бразил е најголем пазар во регионот, со 27.800 продадени возила (+8,4%). Продолжува и позитивниот тренд на најголемиот пазар на Volkswagen во светот, Кина. Таму во март се испорачани 269.500 возила или за шест проценти повеќе отколку во март лани. Најпродавани модели се Jetta, Lavida и Santana, додека најголемо процентуално зголемување има кај моделот Teramont.

Volkswagen ја раскина соработката со босанскиот добавувач

Volkswagen Touareg премиерно претставен во Кина

Volkswagen инвестира 340 милиони долари во теренецот за Америка

Повторно рација во седиштето на Volkswagen

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

класик кар клуб мехнетен

Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат

Simply Aston Martin Beaulieu

Вака изгледа собир на 311 автомобили Aston Martin на едно место