за

SecuTablet: Blackberry ќе претстави сигурен таблет за државни службеници

Како основа за SecuTablet се користи Samsung Galaxy Tab S, додека софтверот потекнува од IBM и од SecuSmart, фирмата ќерка на Blackberry.

Blackberry досега не се прослави особено на пазарот на таблети. Playbook беше комерцијален неуспех и тогашниот шеф Торстен Хајнс изјави дека „во следните пет години нема да имаме причина да претставиме таблет.“ Под новото раководство на Џон Чен, фирмата сепак се обидува да надомести за оваа грешка. Како основа за новиот модел под име SecuTablet се користи Samsung Galaxy Tab S 10.5, додека софтверот потекнува од IBM, а сигурносните решенија од германскиот специјалист SecuSmart когошто Blackberry го купи неодамна.

SecuTablet се разликува од останатите таблети првенствено поради раздвојувањето службените и приватните податоци и апликации. Во приватниот дел може да се користат апликации како Facebook, YouTube и Twitter, како и да се инсталираат сопствени апликации, додека со осигураниот дел се управува централно.

Како потенцијална група купувачи, производителот ја гледа првенствено јавната администрација. SecuTablet моментно минува низ процес за добивање сертификат за класа на сигурност за службено користење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bosch бесплатно ги заменува користените делови за новите да бидат подобри

Видео: Зошто автомобил тука не се паркира во никој случај!