141
19 shares, 141 points

Seat Tarraco го заокружува СУВ-триото сo Skoda Kodiaq и Volkswagen Tiguan. До почетокот на испораката останува повеќе од половина година, но Шпанците уште сега одржаа пробно возење, во Каталонија. Како и вообичаено, нашите колеги од германската Automedia известуваат од лице место

Тројката важи како среќна бројка, но не успева секогаш. До пред неколку години, бизнисот на шпанската марка на Volkswagen се потпираше врз само три столбови: Ibiza, Leon и нивните варијанти Cupra. Оттогаш, Шпанците додадоа многу „потпори“. Прво стартуваше Seat Ateca, во сегментот на популарните СУВ-компакти, а потоа се придружи и помалата Arona, врз база на Seat Ibiza.

Кон крајот на годинава следи и најголемиот СУВ-модел, со должина од 4,74 метри и простор за седум патници, Seat Tarraco. Првото појавување на големиот СУВ ќе се случи во октомври, на салонот во Париз, а испораката на главните пазари во Европа ќе стартува дури в година, во февруари.

Просторноста е меѓу најголемите доблести на Seat Tarraco

При првото пробно возење на Tarraco, кој уште носи тешка маска, возилото ја докажа својата најголема доблест. Тоа е изобилството од простор. Возачот и совозачот седат и повеќе од удобно на предните седишта, воедно уживајќи во добрата странична поддршка. Динамичното возење сепак не е главната цел на Тarraco, за разлика од двата помали брата.

Во вториот ред исто така владее натпросечно голема просторна понуда. Седиштата се помесуваат и на тој начин просторот може точно да се приспособи според видот на превозот, за да има повеќе простор за патници или за превоз на голем товар. Со доплата, големиот Seat се испорачува со трет ред седишта.

Seat Tarraco probno vozenje 6

Пропорциите се слични со Skoda Kodiaq, впрочем и платформата е идентична. Seat Tarraco е широк 1,84 метар, висок 1,66 метар и има меѓуоскино растојание од 2,79 метри. Зад големиот капак, кој со доплата се отвора со помош на електромотор, може да се смести багаж со зафатнина до 1.920 литри, кога ќе се соборат сите седишта.

Понудата од погонски единици опфаќа два бензинци и два дизели. Основниот модел вози со 1,5-литарски турбо бензинец со 150 КС и 250 њутнметри при 1.500 вртежи. Машината се соочува со тешка задача, покрај тежината од 1,6 тон на Seat Tarraco. Поради тоа мора често да се посегнува по рачката на шестстепениот мануелен менувач, но тој за жал не работи доволно прецизно, за менувањето на степените да биде брзо и пријатно.

Погонот на сите тркала стандард во посилните верзии, основните модели со погон само напред

Подобро е кај вториот бензинец во понудата, дволитарскиот TSI со 190 КС и 320 њутнметри. Тој стандардно е комбиниран со седумстепен менувач со двојна спојка, кој лесно и умешно ги распределува њутнметрите. Кај дволитарските дизели нема што да се додаде посебно, едниот располага со 140 КС и 340 њутнметри, вториот нуди 190 КС и 400 њутнметри.

Сите моделски изведби на Seat Tarraco спринтуваат до темпо сто за помалку од десет секунди, и со исклучок на дизелот со 150 КС и DSG, сите надминуваат 200 km/h. Вредностите на потрошувачката уште не се објавени. Погонот на сите тркала вообичаено ќе следува како стандард во посилните моделски изведби, додека послабите ќе мора да се снаоѓаат само со преден погон.

Seat Tarraco probno vozenje 3

Новиот СУВ-модел на Seat не се кандидира да биде најбрз во класата, но возачот може барем да се забавува со шесте возни режими. За забавувањето да успее, изборот почесто треба да паѓа на „Еко“ или „Комфор“, отколку на „Спорт“ или „Оф-роуд“. Иако Seat Tarraco на терен се покажува во добра форма, тој ретко ќе се појавува таму. На асфалтот, големиот СУВ на Шпанците повеќе е во групата на комфорни крстосувачи, отколку меѓу тркачите.

Уште еден талент на Tarraco, покрај транспортот, секако е способноста за влечење тежок товар. Посилните верзии смеат да влечат товар до два тони. Тоа ќе го ценат хоби-капетаните и спортистите со габаритна опрема, особено во комбинација со приспособлива амортизација.

Seat сака да биде „најконектирана“ марка надвор од премиум сегментот

Вмрежувањето и системите за асистенција имаат важна улога и во Tarraco. Шпанците сакаат да бидат најкомуникативна марка под премиум сегментот. Новитет во Seat се асистентите што спречуваат превртување и ги активираат сопирачките во случај на неизбежен судир. Премиерно пристига и нов фронт-асистент, кој отсега препознава пешак и велосипедист на пат.

Цените на Seat Tarraco се очекува да бидат на слично ниво со Skoda Kodiaq, иако постојат некои поситни разлики во опремата. Стартот на германскиот пазар би изнесувал околу 32.000 евра. Tarraco не е чистокрвен Шпанец. Seat нагласува дека најновиот модел е развиен и дизајниран во Барселона, но неговото производство се одвива во Долна Саксонија, во матичната фабрика на Volkswagen во Волфсбург.

Seat Tarraco, пробно возење

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743