Десет фанови на Seat добија ексклузивна покана први да го погледнат новиот СУВ. Во целиот настан се провлекуваш мистерија, Шпанците ги снимија реакциите за Seat Tarraco и го објавија видеото
Фанови на Seat од Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Шпанија беа поканети во Марторел, во седиштето на шпанската марка, кадешто ги чекаше изненадување. Десетте љубители на Seat не знаеја дека се поканети за први да го видат новиот, трет СУВ-модел на марката, долго пред официјалната премиера во септември.
По пристигањето во фабриката покрај Барселона, гостите беа упатени во темна соба, кадешто требаше „да седнат и да уживаат“. Во огромната просторија се наоѓаа само две столици. Гостите влегуваа посебно во пар. На снимката се слушаат коментари: „Зошто е толку темно? Ништо не гледам.“
За некои од избраната публика за приватната премиера, Seat Tarraco е „многу поголем од очекувањата“
Потоа се симнува превезот од големиот автомобил кој за сето тоа време се наоѓал пред нив. Реакциите се какви што може да се очекуваат од фанови на марката и звучат во стилот на „многу елегентна силуета, зачудувачки“ или „многу е поголемо отколку што очекував“ до „ми се допаѓа“.
Големиот СУВ го доби името Tarraco, што е латински од Тарагона. Ова е прв модел на Seat што го добива името според гласовите на 146.000 лица кои му кумуваа на новиот модел.
Seat Tarraco е шпанската верзија на Skoda Kodiaq, ќе располага со седум седишта и ќе биде претставен во Тарагона на 18-ти септември. Продажбата ќе стартува пред крајот на годинава.