за

Seat произведува струја со 53.000 соларни панели

seat соларни панели

Шпанската фабрика користи еден од најголемите фотоволтаички системи во автоиндустријата. Откако се поставени, со енергијата од 53.000 соларни панели можело да се произведат 67.000 автомобили на Seat

Сончева светлина во времетраење од 903 минути. Толку трае најдолгиот ден во годината на северната полутопка. Долгоденицата се случува на 21-ви јуни и го означува почетокот на тримесечниот период со најдолги денови и највисоки температури. Шпанија и јужна Европа имаат меѓу 2.500 и 3.000 сончеви часови годишно. За да ја искористи оваа енергија, Seat изгради еден од најголемите фотоволтаички системи во автоиндустријата.

seat soncevi kolektori 2

Под сончеви колектори во фабриката во Марторел отпаѓа површина од 276.000 метри квадратни, што е еднакво на 40 фудбалски терени. Вкупно 53.000 панели се поставени и функционираат уште од 2013 година. Оттогаш, колекторите имаат произведено над 112 милиони киловатчасови електрична енергија.

Со енергијата може да се наполнат 3 милиони мобилни телефони секој ден, цела година

Годишно се произведуваат над 17 милиони киловатчасови, што е доволно за потребата од енергија на град со 15.000 жители. Енергијата од сончевите колектори покрива 6% од вкупната потреба од струја на фабриката во Марторел. Откако системот е поставен, со енергијата се произведени 67.000 автомобили на Seat.

seat soncevi kolektori 1

За одржувањето на колекторите се користи дрон, кој еднаш месечно кружи над фабриката, опремен со сензор и термографска камера. Вкупно 16 летови се изведуваат од висина од 35 метри.

Користењето на сончевата енергија ја поштедува животната средина од 4.000 тони СО2, на годишно ниво. За таа количина СО2 да се апсорбира, потребна е површина под шума од 17 километри квадратни. Целта на Seat е потрошувачката на вода, емисијата на СО2 и отпадот да се преполоват во споредба со 2010 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren Senna, Amalgam

Овој McLaren Senna чини 7.000 евра и служи како украс

volvo xc40 и Ford Focus

Пет ѕвезди од Euro NCAP за безбедноста на Volvo XC40 и Ford Focus