за

Seat Mii на батерија вози 260 километри со едно полнење

SEAT-Mii-Electric
SEAT-Mii-Electric

Шпанската марка на Volkswagen го прикажа својот прв електричен автомобил само неколку денови по Skoda Citigo E. Станува збор за истиот автомобил, под различно лого. Производството на Seat Mii со обичен мотор завршува во јули, неколку месеци подоцна овој модел ќе се произведува само во електричната изведба.

Seat влегува во електричната ера, со Mii electric. Потоа ќе следат и други модели, вклучувајќи го целосно електричниот el-Born, плагин-хибридни изведби на Leon, како и спортски хибрид во Cupra Formentor и Cupra Leon.

Слично како Skoda Citigo E и Volkswagen e-Up, шпанското мини има натписи electric назад и отстрана, впечатливи бандажи од 16 инчи, сменет кокпит, амбиентално осветлување, спортски седишта и кожа на воланот.

Електромоторот со 83 КС и 212 Nm е ист како кај браќата. Спринтот до 50 km/h трае 3,9 секунди, а со полна батерија од 36,8 kWh може да се вози до 260 километри според новата норма.

Европскиот пазар на електрични автомобили порасна за 46% во првите четири месеци

Mii electric е прв модел на Seat со функции што може да се управуваат преку мобилна апликација, како далечинско вклучување на кллиматизацијата или проверка на наполнедоста на батеријата. Стандардната опрема е мошне богата и вклучува диодни дневни светла, темпомат, паркинг сензори.

Шпанците ветуваат дека нивниот електричен автомобил ќе биде меѓу најдостапните понуди на главните пазари, како Германија или Норвешка.

Seat во историјата веќе има изработено неколуи електрични автомобили, како Toledo во 1992 година, кој ги следеше маратонците за време на Олимписките игри во Барселона. Лимузината имаше досег од 64 километри, а само батеријата тежеше половина тон. Вработените во Seat веќе подолго време имаат на располагање пет прототипи од електричниот Mii за превоз меѓу пооддалечените одделенија во компанијата.

Производството на Seat Mii electric ќе стартува во последното тримесечје во Словачка, а испораките ќе следат во првиот квартал во 2020 година.

Seat користи суперкомпјутер со моќ на 40.000 обични компјутери

Seat Arona на метан вози 100 km за 150 денари

Seat испробува нови видови на мобилност во фабриката во Марторел

Seat тестира погон со метан од отпадот од Барселона

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron prodazba sad

Audi e-tron во мај со 856 испораки во САД

Honda e najava goodwood

Електричната Honda ќе вози на Фестивалот во Гудвуд во јули