за

Seat Leon X-Perience: Теренец добар како семејно комби, по цена на компакт

Seat Leon X-Perience е интересна алтернатива за кросоверите и спортските теренци – погонот на сите тркала потекнува од Volkswagen Golf

Како што имиџот на големите теренци се урива откако и малечките почнаа да ги имитираат, пазарот бара пореални возила. Leon X-perience е добар и за на терен и за секој ден, а поевтин е од теренец.

На нешто повеќе од еден месец пред официјалната премиера на салонот во Париз, на 4-ти октомври, Seat ги објави цените за новиот Leon X-Perience. Кросоверот се базира на комби изведбата Seat ST со ниво на опрема Style, има 15 милиметри поголемо растојание од подлогата и во верзијата со мотор 1.6 TDI со 110 КС и систем старт стоп ќе чини нешто помалку 29.000 евра на шпанскиот пазар – погонот на сите тркала 4Drive секако е вклучен во цената. Со тоа, кросоверот што го наследува генијално конципираниот, но не толку симпатичен Freetrack, чини околу 3.800 евра повеќе од стандардното комби Leon ST со погонот на сите тркала 4Drive, но затоа дополнително нуди автоматска клима, спортски седишта и алуминиумски бандажи од 17 инчи, со што се преполовува разликата во цената, не сметајќи ги стилските надградби на X-Perience.

Освен со 1,6-литарскиот дизел, Seat Leon X-Perience е достапен со уште еден бензинец и со три дизели. Дволитарскиот TDI настапува во верзии со 150 КС и со 184 КС, а може да се комбинира и со шестстепен менувач со двојна спојка. Посилниот дизел забрзува до 100 за 7,1 секунди, продолжува до 224 km/h и според фабрика троши 4,9 литри дизел. Единствениот бензинец е 1,8 TSI со 180 КС и менувач DSG како стандард. Сите моделски изведби на Seat Leon X-Perience имаат погон на сите тркала што се базира на Haldex-5.

Во стандардниот пакет на X-Perience влегуваат и EDS, како електронска блокада на диференцијал на обете оски и електронски диференцијал на предната оска XDS. Со доплата се нудат диодни светла, радарски темпомат со самостојно запирање при опасност од судир при градски брзини, како и системи за препознавање замор и за следење лента. Испораките на европскиот пазар стартуваат во втората половина на октомври.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen објави старт за нарачките за Beetle Cabriolet Karmann

Ferrari F80: Наследникот на LaFerrari според дизајнерот Адриано Раели