за

Seat Leon стана милионер

seat leon eden milion
seat leon eden milion

Третата генерација на Seat Leon го надмина бројот од еден милион продадени возила. Компактниот модел првпат се појави во актуелното издание, со целосно сменет дизајнерски концепт во 2012 година. Најпродаваниот модел на шпанската марка во меѓувреме ја престигна и вечно популарната Ibiza. Цели три децении, таа беше најпродаван модел на Seat.

Третата генерација на Sest Leon ѝ донесе пресвртница на комерцијален и финансиски план на автомобилската марка од Марторел. Моделот од компакт класата воедно ги воведе и новите стандарди за квалитет на изработката. Споредбата на оперативната заработка на Seat пред пристигањето на Leon со резултатите од последната деловна година кажува многу: Во 2012 година, Seat имаше загуба од 149 милиони евра, додека лани марката ја имаше историски најдобрата година во финансиски поглед, со чист профит од 294 милиони евра.

Неколку факти за Seat Leon

  • Првата генерација на Seat Leon беше претставена во октомври 1999. Наесен, шпанскиот компакт ќе ја одбележи својата дваесетодишнина
  • Отгогаш се продадени вкупно 2.210.712 примероци од Seat Leon:
    – 534.797 во првата генерација
    – 675.915 во втората и
    – 1.000.000 во третата. Актуелниот модел учествува со 45% од вкупната продажба на моделот во неговите 20 години.
  • Seat Leon се продава на сите пет континенти, од Шпанија (кадешто моментно се продаваат најмногу примероци), до Мексико, Мароко, Сингапор и Нов Зеланд.
  • Трите најголеми пазари за Seat Leon се Германија, Шпанија и Велика Британија.
  • Доколку 1.000.000 примероци од Seat Leon, произведени од 2012 година наваму, се наредат во колона, таа ќе биде трипати подолга од растојанието меѓу Барселона и Волфсбург.
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw 2 gran coupe maska

BMW серија 2 Gran Coupé на завршно тестирање

porsche taycan konkurs rabotnici

Porsche бара уште 500 работници за електричниот Taycan