136
18 shares, 136 points

Стандардните изведби на Seat Ibiza ќе излегуваат од фабрика со еколошки гуми Kumho Ecowing ES31 со димензија 185/65R15 88H, со намален отпор при тркалање и намалена бучава.

Корејскиот производител на гуми сорботува со групацијата Volkswagen уште од 2006 година, кога почна да испорачува гуми за Volkswagen Polo. Девет години подоцна компанијата започна со развој на еколошки гуми за моделот. Вградувањето на новите гуми со ознака Ecowing ES01 започна во 2017 година.

Од крајот на минатата година, Polo ја доби новата генерација гуми од овој модел, со ознака ES31. Бидејќи двата модели користат иста платформа, ES31 сега ќе се испорачуваат и за Seat Ibiza, без потреба од дополнителни тестирања, за групацијата да даде одобрение за преоѓањето на новата генерација гуми.

Конструирани како летни гуми наменети за европскиот пазар, ES31 се одликуваат со низок отпор на тркалање, што понатаму води кон намалување на емисијата на СО2 и воедно кон намалување на загубата при совладувањето на отпорот. Профилот е дизајниран да понуди оптимални својства во поглед на стабилноста на влажно, долготрајноста и ниската бучава.

Гумите ES31 се произведуваат во фабриката на Kumho во Гоксеонг, во Јужна Кореја. Потпретседателот на Kumho, Ким Ин-со, коментираше: “Договорот за испорака на ES1 како стандардни гуми за Seat Ibiza е уште една потврда за одобрението од групациајта Volkswagen за нашите еколошки гуми, кои веќе се широко признаени на европскиот пазар.“

Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот

Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот
Kumho отвори голем магацин во Хамбург, повеќе присуство на пазарот

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
18 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *