129
18 shares, 129 points

Првпат во Шпанија, дронови испорачуваат делови до фабриката на Seat во Марторел. Деловите пристигаат за само 15 минути, се зголемуваат ефикасноста и флексибилноста во погоните.

Фабриката на Seat во близина на Барселона е прв производствен капацитет во Шпанија што се снабдува со делови по пат на испорака со дрон. Компонентите што пристигаат по воздушен пат се волани и воздушни перници. Станува збор за пилот проект, под надзор на воздухопловните власти во земјата. Во рамките на проектот, дроновите ќе испорачуваат неколку пати дневно.

Дроновите го совладуваат растојанието од околу два километри од халите на добавувачот за само 15 минути. Тоа е неспоредливо покусо од вообичаениот камионски транспорт, кој трае 90 минути. Идејата е, секогаш кога има потреба од соодветен дел на производствената лента, дрон да го испорача истиот за кусо време и без попатни пречки.

Овие иновации се дел од таканаречената Индустрија 4.0, којашто воведува сосем нова организација и работни постапки во рамките на производството. Воедно се намалува и емисијата на СО2.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

129
18 shares, 129 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *