за

Seat Ateca: Теренецот на Шпанците за првпат во акција

Шпанската марка на Volkswagen е толку горда на теренецот Ateca, што пушти еден од своите водечки инженери прв да го „тестира“ моделот штотуку излезен од фабрика. Околу субјективноста нема простор за критика.

Секој следен момент околу првиот теренец на Seat ќе биде историски момент. Шпанците имаат причина да се гордеат што конечно имаат модел за растечкиот и исплатлив сегмент на спортски теренци и ја користат секоја пригода да ја пренесат истата до јавноста. Seat Ateca првпат излезе надвор од фабричкиот круг во Марторел и снимателите го документираа сиот тој „спектакл“. Зад воланот е Томас Шауер, еден од главните инженери во Seat, во улога на Џереми Кларксон под дебела доза на валиум. Иронијата на страна, ова е сепак историски важен момент, за Ateca премиерно да се погледне во возење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Над 100.000 нарачки за „евтиниот“ електромобил на Tesla

Tesla Model S во трка на забрзување против Boeing 737