за

SEAT ќе вработи нови 100 инженери годинава

Претседателот на шпанската марка, Штефан Штакман, најави нови 100 вработувања на врвни експерти во Марторел

На денешното објавување на деловните резултати за минатата година, шефот Јурген Штакман објави дека шпанската марка до крајот на годинава ќе вработи нови 100 инженери во Марторел.

До крајот на годинава, Seat ќе отвори работни позиции за нови 100 инженери во тимот на шпанската марка. Тоа денес го објави шефот Јурген Штакман, за време на претставувањето на резутатите од минатата деловна година. Селекцијата на кандидатите ќе започне во следните неколку денови и избраните кандидати ќе се придружат на компанијата постепено во следните шест месеци. Со овој чекор, Seat го зголемува техничкиот персонал за 10 проценти. Моментно во техничкиот центар CTS работат 900 врвни инженери.

Новите 100 инженери ќе бидат засилување во тековните проекти, особено во развојот на електроника, каросерија и мотори за Seat и за групацијата Volkswagen. Кандидатите мора да поседуваат повисоки инженерски квалификации во која било специјалност, како и совршено да владеат со англискиот и со германскиот јазик.

CTS е единствен дизајнерски и развоен центар во Јужна Европа, при што Seat се издвојува и како најголем инвеститор во истражувањето и развојот во Шпанија, со 300 милиони евра издвоени за таа цел. Во минатата година, центарот на Seat во близина на фабриката во Марторел, разви преку 200 проекти за шпанската марка и за целата групација. Лани Seat вработи нови 800 лица во фабриката, првенствено поради одличните продажни резултати на моделската гама на Leon.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку трошат олдтајмерите реално: Тест на Auto Bild

SEAT со историски рекорд во минатата година